Македонија

Се одржа третиот состанок на главниот координативен кризен штаб

   Време за читање помалку од минута

Денес се одржа третиот состанок на главниот координативен кризен штаб, на кој беа презентирани најновите информации од Комисијата за заразни болести, како и информациите од Центарот за управување со кризи и од Дирекцијата за заштита и спасување кои доаѓаат од целата територија на државата, a посебно од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, со цел целосната координација на предлозите и мерките што ќе одат како препораки до Владата на Република Северна Македонија.

Извор: Влада