Македонија

Се реконстуираат санитарните јазли во средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид

   Време за читање помалку од минута

Во средното економско училиште во Охрид, деновиве, започна реконструкција на санитарните јазли за учениците и професорите. Со реконструкцијата се опфаќа промена на целокупната инсталација, се поставува нова санитарија и плочки.

Санитарните јазли во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ за прв пат се реконструираат после 20 години. Вкупната вредност на реконструкцијата изнесува 640 959 денари, а средствата ги обезбеди општина Охрид.