„Се уште сум тука, а зошто би заминал“ – трибина за причините на иселувањето на младите
„Сеуште сум тука, а зошто би заминал?“ беше темата на трибината за млади која се одржа денеска во центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје.
Проф. д-р Лазар Јовевски, Претседател на Централната комисија за труд, социјлна политика, родови прашања и демографија при ВМРО – ДПМНЕ рече дека со оваа трибина се допираат прашањата поврзани со младите коишто останаа во Македонија, зошто се овде и кои се причините за заминувањето на младите од државата.
Според него, ова е прашање коешто е многу актуелно и застапено, но е и многу контроверзно, бидејќи станува збор за една тема, каде што се поставуваат одредени тези дека младите заминуваат од Македонија само поради економски причини, но како што тој вели, тоа не е целосно точниот одговор.
„Младите покрај економските причини, заминуваат и поради други причини поврзани со целата општествено – социјална ситуација во нашата земја. Можам да кажам дека досега од Македонија според одредени статистики имаат заминато околу 650,000 граѓани, од независноста на државата, па се до денес. Од таа бројка голем процент отпаѓа на младите“, вели Јовевски.
Тој истакна дека младите во денешното општество се сеуште една категорија на граѓани кои се на маргините на пазарот на трудот, односно во најголем дел се невработени. Според него, повеќе од 40 проценти од младите се без работа во Македонија.
„Сите овие прашања поврзани со економските аспекти, но и со социо – културните аспекти во општеството и тоа како влијаат на заминувањето на младите“, наведе Јовевски.
Тој нагласи дека оваа трибина е со цел да се слушне мислењето на младите и прашањата да се постават низ призми за да се спречи понатамошното иселување на младите од земјата, да се вратат назад младите коишто се иселени преку соодветни начини и младите да станат фактор којшто ќе влијае во општеството и ќе бидат негов двигател.
Спасе Николов од Централната комисија за труд, социјална политика, родови прашања и демографија при ВМРО – ДПМНЕ, рече дека целта на оваа трибина е како што кажува и самата тема „Сеуште сме тука, зошто би заминале?“. Идејата на комисијата, според него, е да се осознае од различни групи на млади кои се останати во земјата, зошто се сеуште тука и што е она што ги врзува сеуште да останат тука. Тој вели дека потребно е да се бориме за подобро утре, а не да се жалиме и да бараме подобро задутре во друга земја.
На трибината излагачи беа и адвокатот, Славчо Батковски и потпретседателот на синдикалната организација на катастарски службеници при САДУ, Марко Стефановски.
Имено, на трибината повеќето од младите рекоа дека би останале во државата најмногу поради нивните семејства и поради оптимизот за подборо утре, а би заминале поради лошата социо – економска состојба, загадениот воздух, менталитетот, немањето на вредности и т.н.
- Дизелот повторно поскапува - 20/06/2025
- Жена се породила во подгорички маркет: Херојството на работничката Оливера - 20/06/2025
- ТОП СЕЗОНСКИ РАБОТИ: Дневници до 80 евра - 20/06/2025