МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Силна поддршка од Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија за протестот на Синдикатот на полицијата

156views

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) испраќа неизмерна поддршка до  раководствоto и до секој еден член и како грански синдикат застанува во првите борбени редови во секоја  битка која има за цел да ги унапреди правата на работниците, но и цврсто да ги побара сите права кои се обесправени.

,,Сметаме дека е недозволиво во една земја да се деградира и да се обесправува полицијата, да се загрозува професионализмот на една толку важна алка во оптествениот ланец, да се нарушува достоинството на вработените и на нивните семејства.

Остро го осудуваме пресметувањето со синдикалните претставници и загушувањето на синдикалното движење во Македонија, кое е од невидени размери во нашата земја која претендира да биде Европска земја.

Ви посакуваме да бидете истрајни во вашите барања и цврсто да стоите зад Вашиот став затоа што само силни синдикати можат да ги подобрат правата на работниците.

Со искрени желби до поскоро извојување на победа на синдикалните битки!”, стои во поддршката на САДУ