Синдикалната организација на СВР Куманово повторно рамноправен член на СПМ
Почитувани колеги и членови на Синдикат на полиција во Македонија- СО на СПМ СВР Куманово,
На овој убав и свет ден ВЕЛИГДЕН, сакам да Ве информирам дека после повеќе месечни преговори и средби со претседателот на Konfederacija na slobodni sindikati na Makedonija KSS , Blagoja Ralpovski , во кои СПМ како синдикат е челн, од како ги надминавме сите недоразбирања, донесена е одлука нашата Синдикална организација на Синдикат на полиција во Македонија- СО на СПМ СВР Куманово, да се рестартира и официјално регистрира,а се со цел , да бидеме во тек со настаните и рамноправно учествуваме во сите активности и одлуки на СПМ.
Посебна чест и задоволство ми претставува тоа што сум избрана за претседател на СО на СПМ СВР Куманово.
Од претходното искуство кој добро ме познава како човек ,а воедно ги прател моите синдикални активности во изминатиот период , знае дека со мое активно учество со сигурност ќе се залагам за секој еден од Вас без разлика на Вашиот настанат работен и друг проблем заради надминување на истиот.
Повторно ќе бидам Ваш гласник за проблемите со кои се соочуваме секојдневно во работата,а се со цел заради подобрување на финансиската состојба на полицискиот службеник ,односно покачување на платата, подобрување на материјално техничките сретства, недостатокот од службени моторни возила и дополнување на возниот парк кој е неопходен,навремена обнова на нови униформи и делови од униформи, заштита на здравје и безбедност при работа и сите останати можеби мали, а сепак за сите нас понекогаш големи пречки за извршување на секојдневните наши работни обврски.
Најпрвин пред се и над се, сакам да Ви воочам на секој еден од Вас лично да поработи за подобрување на меѓучовечките односи кои за жал во изминатиот период ,неколку години наназад се премногу нарушени помеѓу сите нас, а за сите нас познати причини, да работиме сите заедно се со цел за да се врати меѓусебната почит и другарувањето!
Тимот кој стои рамо до рамо со мене е избран со посебно внимание , а посебно некои од нив кои дадоа голем допринос во изминатите години, допринос за кој малкумина од вас сте запознаени. Овој тим ќе биде пример како треба меѓусебно да се почитуваме,помагаме и тимски работиме сите заедно во донесување на важни одлуки кои ќе бидат корисни за сите колеги , а посебно за наши членови во СВР Куманово, но и ќе поттикнеме секој еден од вас да дава предлози ,идеи и биде вклучен во активностите каде ќе има потреба ,а ќе ги организира Синдикат на полиција во Македонија, но и посебно на локално ниво , СО на СПМ СВР Куманово .
Како жена синдикалец и поборник за женските права јас лично посебно ќе се борам за унапредување и интегрирање на жената полициски службеник , со цел да учествува во предлагање и донесување на важни стратешки одлуки за подобрување на работата во безбедносниот систем, сите мора да признаеме дека жената од секогаш била една од столбовите и алките во сите сегменти од нашето општество.
Посебен акцент ќе ставам на заштита на бремените жени, самохраните мајките и мајките доилки затоа што тие се заслужни за зголемување на наталитетот , како и золупотребата на позиција од моќ “ ПРЕТПОСТАВЕН “која се злоупотребува за уцена и сексуално вознемирување на работното место на жената работничка!
За сите прашања и нејаснотии Ви стојам на располагање со одговори 24/7, 365 дена во годината! Секој добронамерен нов член е добродојден затоа што колку повеќе ќе растеме како синдикат толку повеќе сите заедно ќе сме посилни и заедно ќе одлучуваме!
СО на СПМ СВР Куманово брои над сто дваесет члена,па од таа причина Ве повикувам да пристапите со што ќе го дадете својот допринос од зачленување , давање на нови идеи и излагање на секојдневните проблеми со кои сите ние се соочуваме, со што ќе создадеме можност да растеме и се развиваме како силна синдикална организација,со тоа што ќе го прошируваме работниот тим ,тим кој ќе остави нешто добро со кое ќе не паметат и споменуваат новите генерации кои се наши наследници во МВР!
ПРЕД СЕ и НАД СЕ !
ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!![]()
![]()
![]()
Фросина Стојчевска Претседател на СО на СПМ СВР Куманово

