НовостиСветСиндикат

Синдикатите повикаа на генерален штрајк – Ќе бидат опфатени сите градови и региони

   Време за читање 1 минута

Италијанската конфедерација на синдикати и Унијата на италијански синдикати повикале на генерален штрајк на 29 ноември кој ќе се одржи на градско и регионално ниво.

Синдикатите, во својот допис, велат дека бараат радикални промени во законот за буџет, за кои сметаат дека нема да има ефект во решавањето на проблемите во Италија. „Ќе побараме зголемување на купувачката моќ на платите и пензиите и финансирање на здравството, образованието, јавните услуги и индустриските политики“, наведуваат синдикатите во дописот.

Италијанската влада, како што велат, ја поддржала реформата на Европската унија за економско владеење која ја обврзува Италија во следните 7 години да ги намали вложувањата во социјални трошоци. Според нив, ова ќе доведе до понатамошно опаѓање на купувачката моќ, зголемена несигурност на работните места и големи кратења на јавните услуги (здравство, образование, јавен транспорт итн.).

Од Владата и работодавачите бараат да воведат данок на екстра профит и богатство и ресурсите да ги користат за да ги финансираат јавните услуги; Да ги зголемат пензиите и да направат ре-евалуација на трудовите политики за посигурни работни места, безбедност и здравје при работа и за да се спротвстават на прекаријатските вработувања; Да ги зголемат платите преку обновување на јавните и приватните колективни договори и индустриски политики кои ќе овозможат одржливо вработување; Да го почитуваат правото на протест преку повлекување на предложениот закон за безбедност.

„Одлуките на владата се штетни и нефер. Досега немаме добиено одговори на нашите барања, што е показател дека постои недостиг на социјален дијалог“, велат синдикатите.

На крајот, тие побараа солидарност од синдикатите ширум Европа.

Фото: EPSU

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.