МакедонијаНовостиСиндикат

Синдикатите се во првите редови за заштита на работничките права на жената

   Време за читање 1 минута

Фејсбук статус на Конфедерација на слободни синдикати:

Синдикатите се во првите редови за заштита на правата на жените во светот на работата.

Во свет каде што жените сè уште се соочуваат со нееднакви плати, дискриминација и родово базирано насилство, синдикатите се на првата борбена линија за:

✅ Гарантирање на основните работнички права – слобода на здружување, колективно договарање и правото на штрајк.

✅ Остварување на еднаква плата за еднаква вредност на трудот

✅ Свет на работа без насилство и вознемирување врз основа на род

✅Обезбедување пристојна работа за жените

✅ Јакнење на женското лидерство

🚨 На глобално ниво жените во просек заработуваат приближно 20% помалку од мажите, а во Македонија приближно за 17%! Родовиот јаз во вработеноста е над 17%, а најголемата причина за тоа се домашните обврски, кои во најголем дел паѓаат на товар на жените.

🗣️ Синдикалното движење ќе ја засили борбата за реално, а не само декларативно елиминирање на дискриминацијата и обезбедување целосно и еднакво учество на жените во сите аспекти од животот.

481480857 665018422558776 3273758900466880063 n