МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Синдикатот на полицијата обвинува: Апелација намерно чува предмети во фиока

СПМ: Застануваме во одбрана- Работник
124views

Апелациониот суд нема намера да ги работи нашите предмети, кои по првостепената пресуда се во корист на вработените во МВР, обвини Дејан Саздов, генерален секретар на Синдикатот на полицијата, објави Слободен печат.

Станува збор за претежно случаи за незаконско распределување во рамки на Министерството, односно работни спорови, а токму МВР првичните пресуди ги обжалува на втора инстанца.

-Дали неправдата стана закон? Одредени судски постапки во Апелација се водат неразумно и во неразумен рок од по неколку години, а се работи за предмети кои припадниците на МВР ги водат пред надлежните судови. Три до четири години наши предмети се чуваат во судовите, додава Саздов.

Тој тврди дека улога за непостапувањето на судиите имаат одредени началници, раководители и врвот на Министерството, за кои вели дека истовремено се и кадии.

Од Синдикатот бараат да се почитуваат законските права на тужителите, а наведуваат дека правдата ќе ја бараат и во Стразбур.