- Advertisement -
МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Синдикатот на полицијата упати барања до Министерот Спасовски

Синдикатот на полицијата - Работник
302views

Како Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ најнапред да Ви честитаме за старо-новата функција Министер за внатрешни работи и се надеваме дека ќе имате успешна соработка со нас како Синдикат. Согласно наведеното дозволете на почетокот да истакнеме дека како Синдикат кој основна цел му е борбата за подобри услови и права во Полицијата ќе изјавиме и искажеме дел од нашите Барања со кои очекуваме во наредниот период да бидат решени од Вас како Министер, стои во писмото на Синдикатот на полицијата во Македонија испратено до реизбраниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 

„Како Синдикат уште на самиот почеток на Вашиот мандат најнапред Бараме да ги преиспитате сите незаконски решенија кои во изминатиов период им де доделени на вработените во Министерството (ЕСЗ, ЕБР и Секторите за внатрешни работи и останатите орг.единици) а се однесуваат на распоредување на работници надвор од местото на живеење како и најлошата пракса воспоставена изминативе недели каде на полициските службеници им се одземаат полициските овластувања без никаков основ. Се надеваме дека ќе ја исправите наведенета неправда и како што најавивте пред јавноста ќе ги преиспитате сите незаконски издадени решенија. Вработените тоа го очекуваат од Вас какоМинистер. Бараме институтот „ПОТРЕБА НА МИНИСТЕРСТВОТО“ кој во изминатиов период беше злоупотребен од правната служба во МВР при изготвувањето на решенијата конечно да се применува согласно Законот за Внатрешни работи и Колективниот договор на МВР. Бараме вистински реформи на ПРАВНАТА СЛУЖБА ВО МВР и одговорност на истата поради фактот што таа служба воопшто во пракса не го спроведува ЗВР, КД и Правилникот за систем на кариера во МВР и заради нивното несовесно работење, МВР како Министерство по основ изгубени тужби исплаќа огромна сума на пари“. истакнуваат во писмото од СПМ. 

Од СПМ барат да продолжи да се почитува правото по основ на „бонус плата“, во следните месеци да се укинат одредбите од Законот за внатрешни работи со кој може до три години да се продолжи работниот век за да не се оди во пензија. Сметаат дека овие работници ги имаат „заробено“ работните позиции во Министерството а со нивното пензионирање со 40 години работен стаж конечно на преден план ќе дојдат работници кои може да покажат подобри резултати во раководењето во МВР.

Бараат во најбрз можен период да се донесе нов Правилник за нова систематизација во МВР по Европски стандарди, правилен и правичен систем на одлука за Комисијата за распоредување во МВР каде секој вработен ќе го даде својот максимум при извршувањето на службените задачи.

Истовремено, во писмото посочуваат дека ќе бараат и жестоко ќе се спротистават со справување со неистомислениците и професионалците во МВР.

„Да поставите на раководни позиции раководители со авторитет и интегритет со способност да допринесат за развивање на меѓучовечките односи во организацијата. Ајде сите да кажеме стоп и повторно полицијата кај вработените да биде задоволна професија“, му порачуваат на министерот Спасовски. 

Се осврнаа и на униформите на полицајците, истакнувајќи веднаш да биде распишан тендер за сите видови униформа во полицијата и конечно да биде во употреба ваучер системот согласно Правилникот за униформа.

„Конечно во првите 100 дена на Владата да се исправи нанесената неправда која им беше нанесена само на вработените во Полицијата. Зголемување на платите за 10% како и доделување на едноктратен надомест во вид на награда на сите вработени во борбата против корона вирусот.
ДА СЕ ВРАТИ ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!“, стои во писмото на СПМ до Министерот за внатешни работи, Оливер Спасововски.