МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Синдикат на АД ЕЛЕМ: Уредбата за кратење на додатоците е дискриминирачка за нас – ние одиме на работа

   Време за читање 3 минути

Од синдикалната организација на АД ЕЛЕМ при Самостојниот синдикат на работниците од енергерика, рударство и индустрија – ССЕРИ, реагираа во однос на намалувањето на платите за 40 процнети со уредбата на Владата од 07.04.2020 година, со која се ограничува исплатата на додатоци и надоместоци на плата во компании кои се во државна сопственост.

„Ние вработените во Енергетскиот сектор секогаш сме биле и ќе бидеме солидарни, секогаш сме го давале својот придонес за компанијата и државата. Ситуацијата со Ковид 19 не погодува и нас како сите во државата, но ние исто така сме на своите работни места и даваме придонес во производството на електрична енергија, како не би дошло до мрак во ваква кризна состојба“, велат од синдикалната организација на АД ЕЛЕМ во рекацијата.

Од таму прашуваат дали со оваa уредба не се дискриминираат вработените во компаниите ЕСМ и МЕПСО, и се доведуваат во нерамноправна положба во однос кратење на плати, но и по други основи.

Тие наведоа два примери каде што во едниот на работник кој работи во смени му се кратат 40 процнети од додатоците и надоместоците, а додека на тој што работи само прва смена, му се кратат 2 процнети.

Работниците во Рудниците за јаглен го одржуваат производството во секакви елементарни услови: сонце, снег, прашина, дожд, но и во време на пандемијата со КОВИД-19, велат од синдикалната организација на АД ЕЛЕМ.

„Во очајни услови, работниците се на своите работни места и совесно и одговорно ги извршуваат своите работни задачи. Процесот на производство продолжува во термоелектраните, каде исто така работниците пожртвувано се справуваат со секојдневните предизвици за непречено производство на електрична енергија“, истакнаа тие.

Преносот на електричната енергија до нашите болници, фабрики и домови зависи од вработените од АД МЕПСО, кои секогаш се на висина на задачата, посчуваат од таму воедно прашувајќи дали се суспендира и Законот за работни односи во член 112 алинеа 2, 3 и 4 како и колективните договори каде се предвидени надоместоците на плата.

Од синдикалната организација на АД ЕЛЕМ дадоа и предлог за да се надмине оваа уредба, со нејзина корекција:

1. Корекција на уредбата донесена од Владата на ден 07.04.2020 година со бр. 44-2865/1 во дел од член 1, со бришење на ‘’Акционерски друштва во целосна сопственост на државата“ и корекција на член 3, со додавање на ‘’Aкционерските друштва во целосна сопственост на државата кои се во дејноста на производство и дистрибуција на електрична енергија“.

2. Да се прекинат договорите за привремено вработените преку агенција за привремено вработување, додека траат мерките за пандемијата Ковид 19.

Бобан Илијевски