МакедонијаСиндикат

Синдикат на Полиција во Македонија денес положи цвеќе пред спомен обележјето Карпалак во центарот на Прилеп

Синдикат на Полиција во Македонија денес положи цвеќе пред спомен обележјето Карпалак во центарот на Прилеп.

08.08.2001 година Карпалак, тежок ден, тежок ден за Македонија и македонците, најтешок за Прилеп и прилепчани.

Од заседа кукавички предаден конвојот на армијата на Република Македонија од касарната “Мирче Ацев”, каде 10 горостаси херојски го загубија животот а 3 ца тешко ранети е епилогот на овој грозоморен чин.

Нивното дело нека е наш патоказ,Слава ви🙏

Нане Наумоски 48 г.Прилеп

Сашко Китаноски 39г. Прилеп

Бранко Секулоски 42г.Прилеп

Горан Миноски 29г.Прилеп

Марко Деспотоски 27г. Новоселани

Ердован Шабаноски 20г.Прилеп

Љубе Грујоски 31г. Пачино Рувци

Дарко Велјаноски 27г.Ропотово

Веби Рушитоски 26 г. Прилеп

Пеце Секулоски 29г. Бело Поле

Вашите прерано згаснати животи секогаш ќе останат бигор и темно сеќавање кај нас и поттик за правда која сеуште како народ и нација од 2001 ва не нема угреано, сакавме сонце и слобода но не добивме ни искра…

Синдикат на Полиција во Македонија апелира до сите релевантни институции и фактори за забрзување во донесувањето на законот за бранителите поднесен од СПМ.

ХЕРОИТЕ ЖИВЕАТ ВЕЧНО, СЛАВА ИМ🙏🙏🙏