- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Синдикат: Понижувачки е судските полицајци да земаат 56 денари додаток за работа во време на неделен одмор

Судски полицајци - Работник
1.01Kviews

Синдикатот на правосудство при Синдикатот на администрација и државна управа упати допис од министерот за правда Бојан Маричиќ, во кој наведува дека неправдата врз судската полиција и понатаму продолжува, нагласувајќи дека не знаат со што залужиле до оваа мера да ги потценуваат и понижуваат.

„Требаше само да се спроведе Законот во член 135 од Законот за судска служба (Службен весник 43/14 од 04.03.2014 година) и правилникот за зголемување на платите на судските полицајци донесен од министерот за правда г-дин Бојан Маричиќ за 18 %, 13 % и 8 %, зависно за кој суд се работи. Во законот (член 135) и Правилникот јасно е укажано дека се работи за зголемување на средствата кои се наменети за платите на припадниците на судската полиција“, стои во дописот.

Во дописот истакнуваат дека за синдикатот не е прифатливо тоа да се пртставува како додаток на плата од 18 %, заедно со другите додатоци коишто се предвиени за судската полиција. Овде очигледно имало намера да се направи штета на припадниците на судската полиција, но во исто време не се водело сметка дека има прекршување на Законот за судска служба  (член 135) и правилникот за зголемување на платите на судските полицајци донесен од Министерот за правда.

Велат дека ако правилно се применеле Законот за судска служба и правилникот за зголемување на платите на судските полицајци, средствата би влегле во основната плата. Сите останати додатоци од Исклучителната компонетнта за плата предвидени во чл.129 од Законот за судска служба, за исто толку проценти би се зголемиле и останатите додатоци кои им следуваат на судските полицајци. Најочигледна е намерата, велат, некој да ги оштети судските полицајци за одреден паричен износ.

Од синдикатот на правосудство го потсетуваат Министерот дека се прекршува и правото на исплата на ризик при работа, како работа во посебни услови на работење од Исклучителната компонента на платата. Велат дека иако се едни од најизложените на ризик во Кривичниот суд, тие додаток за ризик не добиваат. Законодавецот го предвидел ризикот како право во Законот за судска служба и во преодните и завршните одредби на истиот е утврден рок од 9 месеци за носење на Правилникот којшто до ден денес не е донесе, со што се прекршува Законот за судска служба и правата на судските полицајци. 

Посочија и дека со подзаконски акт се сопира примената на ова право од Закон.

Истакнаа дека и додатокот на плата за работа за време на Неделен одмор, предвиден во Законот за судска служба е во директна колизија со Гранскиот Колективен Договор. Според Законот за судска служба се предвидува 5 %, односно 7 денари по час, за работа за време на неделен одмор и велат е крајо понижувачки, бидејќи судските полицајци земаат само 56 денари за 8-часовна работа во недела. Колизијата со Гранскиот колективен договор, како што велат, е во тоа што во него е предвиден додаток за работа во недела од 35 %.

Од Министерот Маричиќ бараат согласно неговите ингеренции, да им даде појаснување дали со Правилникот за зголемување на платите на судските полицијаци се работи за зголемување на платите како што е предвидено со Законот. да се зголеми износот на средства наменети за плата на тие работни задачи, или како што Судско – буџетскиот Совет, спротивно на Закон, тие средства ги третира како додаток од 20 %. И дали согласно овој Правилник, управата на судот треба да им изготви посебни решенија за зголемување на основната компонента на платите, како што е предвидено во Законот.