Сите ги чуваме во фрижидерот, а полека нè трујат: Може да биде посебно опасно ако имате бебе – исфрлете ги веднаш
Кога храната ќе дојде во контакт со пластика, метал или некој друг материјал, постои шанса дека ќе прими дел од хемикалијата БПА.
Садовите за носење, остатоците и другите садови за чување храна се практични кога сакате храната да остане свежа. Но, тоа што го користите може да ја содржи најотровната работа во вашиот фрижидер – бисфенол А.
Хемикалијата е позната како БПА. Компаниите почнаа да ја користат оваа хемикалија уште во 1960-тите во производството на пластични материјали. Еден од нив е популарниот Тапервер (Tupperware), кој произведува шишиња за вода и други пластични предмети.
Исто така, според клиниката Мејо, може да се користи за „обложување на внатрешноста на метални производи, како што се конзерви со храна, капачиња од шишиња и цевки за вода“.
Кога храната ќе дојде во контакт со пластика, метал или некој друг материјал, постои шанса дека ќе прими дел од хемикалијата БПА. Иако американската Управа за храна и лекови (ФДА) ја проверува храната пред таа да оди во продажба, тие велат дека мала количина е безбедна за консумирање.
Меѓутоа, во 2012 и 2013 година, ФДА ги измени прописите во врска со поликарбонатните смоли базирани на БПА во одредени пластични производи. Ова вклучува бебешки шишиња, чашки за пиење (т.н. сипи-чаши), формула (адаптирано млеко) и други садови за храна за бебиња. Но, тоа не го направија од безбедносни причини.
Промените беа направени бидејќи „таа употреба е трајно и целосно напуштена“, наведува ФДА. Ако неродените бебиња, новороденчињата и децата се изложени на хемикалијата БПА, тоа може да влијае на простатата и мозокот, велат од Клиниката Мејо. Сепак, истражувањата велат дека може да постои врска помеѓу консумирањето на хемикалијата БПА и зголемувањето на крвниот притисок кај возрасните.
Лекарите од Харвард сугерираат дека треба да бидете внимателни со консумирањето на оваа хемикалија и дека е пожелно да се јаде повеќе свежа храна наместо конзервирана. Исто така, купете шишиња за вода и садови за храна без БПА.
Избегнувајте да ставате пластика во микробранова печка или во машина за миење садови, „бидејќи топлината може да ја разгради со текот на времето и да дозволи БПА да навлезе во храната“, вели клиниката Мејо.
Освен тоа, постојат и други материјали кои не содржат отровни супстанции, како стакло, не’рѓосувачки челик и порцелан, пишува Eat this, not that.
Извор: espreso.co.rs
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025