ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Сите плати треба да растат ако фирмите сакаат да го спречат “белиот штрајк” на работниците

   Време за читање помалку од минута

Работникот работи, но не го дава својот максимум, вака економистите ја објаснуваат работата која секој работник ја врши само формално поради недоволна мотивираност, која пак, е резултат на покачувањето на минималните плати, но не и на линеарното покачување на останатите плати.

Aко фирмите сакаат да се спречи т.н. бел штрајк од страна на работниците, тогаш треба да растат сите плати линеарно за да не се почувствува незадоволство кај одредени вработени, сметаат економистите.

Извор: ТВ24