МакедонијаПравдаСветот на работникот

Сите 80 тестирани работници од текстилна фабрика во Штип се негативни на коронавирус

401views
Сите 80 работници од погон во текстилна конфекција која важи за една од најголемите во Источна Македонија се негативни на коронавирус, пишува  САКАМДАКАЖАМ.МК

Тестирањето било направено откако еден вработен добил симптоми на коронавирус. Погонот веднаш бил затворен и изолиран од останатите. Денеска биле објавени резултатите од тестирањата, кои биле негативни и се очекува од понеделник погонот да продолжи со работа.

Денеска биле известени и сите деловни партнери со кои овој погон соработува дека вработените биле превентивно тестирани и се негативни. Во целата фабрика, која се наоѓа во ТИР зоната кај Штип, како што соопштуваат, биле преземени заштитни мерки и строги протоколи, како носење маска, социјална дистанца, дезинфекција на халите, како и при превозот на вработените.