ЕкономијаМакедонија

Започна исплатата на пензиите

Министерството за труд и социјална политика известува дека од денеска започнува етапната исплата на ноемвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19, најави Министерството за труд и социјална политика. Пензиониерите кои користат картички пензијата можат да ја подигнат од банкомат уште денеска, како и пензионерите кои имаат најниски пензии, а останатите од банка од понеделник етапно во четири групи.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 26 ноември (петок). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.11.2021 година (петок);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.11.2021 година (понеделник);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.11.2021 година (вторник ); и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.12.2021 година (среда).

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи, нагласува Министерството и укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците.

Пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми, тврди Министерството.

„Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје“, велат од Министеството за труд и социјална политика.