ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Пари: Големите играчи во Кавадарци штедат на плати за вработените

Во серијалот на анализи за топ 10 компаниите по градови кои исплаќаат највисоки плати што ја рангира порталот Пари, на ред е градот на виното, Кавадарци. Иако во секоја друга категорија на рангирање свое значајно учество би завзеле компании од типот на Тиквеш, ИГМ и Дрекслермајер, сепак кога станува збор за просечно исплатена плата овие гиганти не се ни во топ 10. Грижата за вработените сепак е далеку поизразена кај некои други претенденти. Кавадарци е еден од ретките градови каде индустријата е високо развиена и каде локалните компании се глобални играчи.

Од аспект на топ 10 според категоријата нето просечна плата на врвот на листата е Еуроникел Индустри со вкупни приходи од над 188 милиони ЕУР, што претставува пораст од 11.4% во однос на 2019 година. Ваквите бројки го бетонираат стратешкото значење на компанијата, посебно за кавадаречкиот регион. Втор на листата е фабриката за производство на цигари Алајанс Уан, која иако е понова компанија има значителен удел во креирањето на локалниот и националниот БДП. Приходот на оваа компанија скоро идентичен во последните две години, а тоа укажува на строго утврдени проекции од мајката компанија и загарантирана продажба на реализацијата. Од топ 10 најголеми исплаќачи на плати 60% забележале пад на вкупните приходи, а таквиот резултат најизразен е кај компанијата Гала, додека од друга страна најголем процентуален пораст евидентиран е кај компаниата Нова Инженеринг од 123%. Меѓутоа тука треба да се напомене дека апсолутниот пораст кај оваа компанија е нешто над 1 милион ЕУР.

Износите се изразени во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

Парадоксот кај овие 10 компании е што иако повеќе од половината имаат пад на приходи, сепак вкупните приходи на групата порастиле за скоро 17 милиони ЕУР. Тоа значи дека “товарот” паднал само врз најголемите во конкуренцијата.

Што се однесува до остварените добивки на овие 10 компании ефектот е половичен. Имено, половината од нив во текот на пандемиската година успеале да ги зголемат своите добивки, додека другата половина имаат сериозни надолни поместувања. Битен елемент е што во последните 2 години кај овие 10 компании не е забележана загуба. Она што беше одличен резултат кај Еуроникел Индустри од аспект на приходи, сега кога се анализира добивката се забележува голем пад, кој изразен во проценти изнесува 32%. Сепак оваа компанија има далеку најдобар резултат во конкуренцијата, бележејки вкупна добивка од над 7 милиони ЕУР. Она што загрижува е што третата компанија по големина на приходи Кожувчанка, ја предводи листата со најголем пад на приходи, кој во 2020 година изнесувал нешто повеќе од 42%. Ваквите тредови ја намалиле вкупната добивка на топ 10 сегментот за над 188 милиони ЕУР, што претставува пораст од 11.4% во однос на 2019 година. Ваквите бројки го бетонираат стратешкото значење на компанијата, посебно за кавадаречкиот регион. Втор на листата е фабриката за производство на цигари Алајанс Уан, која иако е понова компанија има значителен удел во креирањето на локалниот и националниот БДП. Приходот на оваа компанија скоро идентичен во последните две години, а тоа укажува на строго утврдени проекции од мајката компанија и загарантирана продажба на реализацијата. Од топ 10 најголеми исплаќачи на плати 60% забележале пад на вкупните приходи, а таквиот резултат најизразен е кај компанијата Гала, додека од друга страна најголем процентуален пораст евидентиран е кај компаниата Нова Инженеринг од 123%. Меѓутоа тука треба да се напомене дека апсолутниот пораст кај оваа компанија е нешто над 1 милион ЕУР.

Клучниот сегмент од оваа анализа е висината која ја исплаќаат кавадаречките компании.

Значително напред пред сите конкуренти е Еуроникел Индустри, каде просечната плата за 2020 година изнесувала 37.602 денари. Ваквиот резултат е за секоја почит иако цикличните движења во бројот на вработени од 15% може да укажува на одредени слабости во функционирањето, или може да биде знак на одредена реорганизација на компанијата. Како и да е, сепак оваа компанија обезбедува примања за скоро 800 фамилии од поширокиот кавадаречки регион.