Македонија

Слободни 408 легла во студентскиот дом Гоце Делчев, конкурсот трае до 24 февруари

   Време за читање 1 минута

Откако во петокот и официјално беа пуштени во употреба блоковите В и Г од студентскиот дом „Гоце Делчев“, Министерството за образование и наука објави повторен конкурс за сместување студенти во овие два блока. Електронско пријавување почна вчера и ќе трае до 24 февруари.

Според конкурсот објавен на веб-страницата на МОН, слободни во В и Г се 408 легла. Во конкурсот се наведени условите за аплицирање, потребните документи и рокот за нивно доставување во МОН. Конечниот список за прием на студентите треба да биде објавен на 14 март 2020.

Со реновирањето на блоковите В и Г, целосно обновен и воедно енергетски ефикасен е најголемиот студентски дом во државата.

Како што соопшти министерот за образование и наука Арбер Адеми, во двата блока се инвестирани 2,7 милиони евра: 2,3 милиони евра за реновирање и модернизација и околу 400.000 евра за мебел и санитарии, пишува Лидер.

Целосниот текст прочитајте го тука