Сметаат дека се соочуваат со мобинг, но фирмите каде што работат се „добри во негово прикривање“ (АНКЕТА)

Мобингот се врши со цел работникот којшто е подложен на него да даде отказ од работа. Ова е правната дефиниција за мобингот, како појава која во голем дел е застапена во компаниите, не само во Македонија, туку и во високо-развиените западни земји.

Порталот Работник неодамна спроведе анктено прашање кое гласеше: „Дали се соочувате со мобинг на вашето работно место?“

Пред да ги изнесеме резултатите од ова анкетно прашање, мораме да кажеме дека наидовме на исмавање од страна на поединци кои сметаат дека не треба да се поставуваат прашања во однос на мобингот, бидејќи очигледно се случува.  Но, со оглед на тоа дека Порталот Работник е интернет медиум чија примарна цел е да актуелизира и ре-актуелизира горливи проблеми, како мобингот, останува доследен на тоа дека ако треба уште милион пати ќе третира јавно тема дури и за најочигледните проблеми од сферата на работните односи.

Во однос на резултатите од анкетата, севкупно на истата одговориле 164 испитаници. Најголемиот дел од нив или 53,4 % сметаат дека се соочуваат со мобинг, наведувајќи дека фирмите во кои работат се „умешни во неговото прикривање“.

29,2 % од испитаниците истакнале дека постојано се соочуваат со мобинг на работното место. 11,2 % од нив одговориле дека им е одлично на работа, а 6,2 % истакнале дека се немаат лично соочено со тој проблем, но дека нивните колеги се жртви на мобинг.

Мобингот на работно место е многу тешко да се докаже пред суд, па поради тоа мал дел од жртвите се осудуваат да влезат во судските лавиринти.

Инаку, мобингот останува еден од најгорливите проблеми со коишто работниците се соочуваат на работните места.

Фото: Freepik

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.

Бобан Илијевски

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.