МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Советот на СОНК одлучи: Штрајк од 11 април

   Време за читање помалку од минута

Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура одлучи – СОНК влегува во штрајк на 11 април, а истиот ќе трае колку што е потребно.

Денеска, дел од раководството на СОНК беше на преговори со премиерот Ковачевски, но тие завршиле неуспешно, по што Советот ја донел одлуката за штрајк.

Барањаето на СОНК е да се усогласат платите во дејностите образование и детска заштита со растот на минималната плата, за да се избегне порамнувањето на платите.

Последен пат, СОНК штрајкуваше на 2 септември 2019 година, по што од тогашната Влада ги исполни нивните барања за зголемување на платите од 10 %.