МакедонијаСиндикат

Јаким Неделков за Радио Лидер: Актуелната власт ги шиканира синдикатите

   Време за читање 1 минута

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков беше гостин утринскиот подкаст на Љупчо Златев. На ова гостување се дисутираше за образованието, синдикатите и случувањата на синдикалната сцена.

Лидерот на синдикатите изрази видна незадоволност од актуелната власт и според него таа ги шиканира синдикатите.

– Воопшто не е нормално една држава која е западно ориентирана, дури е и трагично што се случува на синдикалната сцена. Меѓународната организација на трудот, Европската и Светската организација се информирани за случувањата на синдикатите во Македонија. Конфедерацијата на слободни синдикати е шиканирани од актуелната власт, а лидерот на конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Раповски, по вторпат е избркан од работа за ист основ, вели Неделков за Радио Лидер.

Неделков вели дека доколку работодавачот не ги покрие трошоците за судење од сопствен џеб, тогаш ќе продолжи традицијата на тужби против работодавачи кои го прават ова. Според него, безобѕирно се трошат државните пари за судење.

– Некаде околу 10-ина синдикални лидери се соочуваат со исти проблеми. Процесите траат повеќе од 3 години. Замислете што значи повеќе од 3 години да си без социјална сигурност, да не работиш. Освен материјалното, во прашање се и сериозни психички пореметувања, потенцира Неделков за Радио Лидер.

Додава дека со тоа се купува време со менување на судии, а семејствата на синдикалците со тоа страдаат.

Целосното видео од гостувањето на Јаким Неделков може да го погледнете тука.