Совршена рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот – не постои: Експерт за кариера објаснува зошто
Експерт за кариера и автор на повеќе бестселери за животот и работата има откровение за сите кои се обидуваат да откријат каде е совршената рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот. Тој тврди дека таа не постои.
Кен Колман од компанијата Ramsey Solutions е познат кариерен тренер и автор на бестселерот „Од плата од цел: јасен пат до работење на работата која ја сакате“.
Зборувајќи за жешката тема – рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, тој за FOX Business рекол дека „не постои такво нешто како што е рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот“.
„Количината на време кое го поминуваме на работа не дозволува вистинска рамнотежа“, рекол Колман.
Поради тоа, рекол, „наместо да се фокусираме кон постигнувањето на рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, треба да се фокусираме на својата работа и животните приоритети.
Колман рекол дека „кога ќе сфатиме и ќе се посветиме на нашите приоритети, тогаш можеме да се фокусираме на воспоставување здрав ритам помеѓу работата и животот“.
Воспоставување на граници
„Тајната на воспоставување на здрав ритам е всушност во воспоставувањето на граници. Границите се градат кога одредуваме на што сакаме да му кажеме „да“, а на што „не“.
Колман објаснил дека невозможно е да се каже не на здравите обврски на работа и дека неопходно е да се направи она што се мора, за да подоцна може да се работи она шо се сака.
Исто така рекол дека неопходно е да се разбере поимот „годишен период“ на работата.
Постојат „сезони во кои мораме да им платиме на своите обврски и да вложиме повеќе време и чекаме подолго“.
Додал дека можете да имате се‘ што сакате, но не одеднаш.
Затоа, како што рекол, поставувањето на здрави граници ќе ви овозможи да воспоставите добри ритами помеѓу работата и животот. Земањето предвид дека постојат годишни периоди ви помага да сфатите дека не сте заглавени, туку дека само сте влегле во еден од нив.
Во својата книга „Од плата до цел“, Колман споделува практични совети за тоа како луѓето да напредуваат во кариерата. Помеѓу останатото, тој вели дека ако луѓето го мразат она што моментално го работат – постои излез.
Како што пишува во својата книга – „Ископајте го сонот кој сте го сокриле на таванот, избришете го и пуштете го да види дневна светлина. Дајте му нему, но и на себе уште една шанса“.
Тој апелира луѓето да „дојдат до сржата на своето „зошто“ и да започнат да го живеат својот сон еднаш засекогаш.
Меѓу деталните совети кои тој ги споделува во книгата е и како да станете квалификувани за работата која навистина сакате да ја работите; како да градите и работите на врските; како да започнете на „вистинскиот начин“; и како одлучно и целисходно да напредувате по скалата.
Извор: BIZlife
Фото: Pexels