- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

СОНК бара вработените во образование, градинките и културата да се стават на приоритетната листа за вакцинирање

СОНК - Работник
995views

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија денеска испрати барања до Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Министерството за култура, вработените во градинките, образованието и културата да бидат во приоритетната листа за вакцинирање.

„СОНК цени дека вработените во овие дејности коишто се хронично болни и со висока Ковид возраст, како и оние работници коишто се со физичко присуство на своите работни места и се во постојан, непосреден контакт со луѓе, заради заштита на сопственото здравје и ширење на вирусот потребно е да бидат на оваа приоритетна листа, особено заради важноста на дејностите во кои работат“, се во во известувањето на СОНК.

Од таму посочија дека со приоритетното вакцинирање на вработените во овие дејности, би се намалил ризикот тие да се заболат, институциите би работеле непрекинато без посериозни проблеми, а воедно би се избеглано и неконтролирано вакцинирање надвор од државата и ризикот што произлегува од истото.

Бобан Илијевски