СОНК ги одржува вторите спортски игри
Време за читање помалку од минута
Фејсбук статус на Претседателот на СОНК Јаким Неделков:
Со ударот во ГОНГ започнаа вторите спортски игри на СОНК
Од 1 до 3 јули, во градот на браќата Миладиновци – Струга, се одржуваат вторите спортски игри на СОНК. Повеќе од 200 натпреварувачи ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини и ќе се борат за престижниот пехар.
На свеченото отворање на игрите преку видео врска, поздравно обраќање имаше министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.
https://mon.gov.mk/content/?id=8649
Овој значаен настан за нас, со своето присуство го збогатија синдикалните пријатели од КСС, како и братските синдикати од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Албанија и Бугарија.
