СОНК дел од проектот за млади наставници
Во периодот од 02.10.2024-04.10.2024, во Скопје се одржа Интернационална работилница за евалуација, како дел од проектот „Одржување на благосостојбата на младите наставници во училиштата – YouWell”, на која присуствуваа претставници од сите партнерски организации во проектот. Наставниците – едукатори ја презентираа својата работа со младите менторирани наставници и сите позитивни и негативни аспекти за време на пилот фазата. Исто така, свое обраќање имаа и младите менторирани наставници, кои го раскажаа своето искуство за време на десетте месеци со наставниците едукатори и сите предизвици со кои се соочиле.
Генерален заклучок беше дека ваков проект е доста потребен во сите земји учеснички и сите се надеваат дека ќе има продолжување на истиот.
Воедно, на 02.10.2024 година се одржа и четвртиот партнерски состанок од проектот „Одржување на благосостојбата на младите наставници во училиштата – YouWell“, каде што беа договорени и последните активности до завршување на проектот.
- КАКО ДО ГЕРМАНСКА СТУДЕНТСКА ВИЗА: Зголемен е износот кој студентите мораат да го уплатат на сметките, но има и алтернативи. Ова се условите - 06/11/2024
- Ако од 2025 година го одложите пензионирањето во Германија, ќе ви исплатат дарежлив бонус - 06/11/2024
- Ментално здравје и работната средина: Стресот најизразен во токсичните работни средини - 06/11/2024