СОНК оствари средба со високи претставници на МОТ – Тема: Предизвиците во средното стручно образование
Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:
Остварена конструктивна работна средба со високи претставници на меѓународната организација на трудот – МОТ.
Предводени од координаторот на МОТ во Македонија, г-дин Емил Крстановски, во просториите на СОНК беа примени г-ѓа Alessandra Molz, специјалист за вештини и вработување и г-ѓа Rania Bikhazi, виш специјалист за одржливи претпријатија, продуктивност и праведна транзиција, вработени во канцеларијата на МОТ за Централна и Источна Европа.
Тема на состанокот беше предизвиците во средното стручно образование, планирање и реализирање на наставата, професионален и кариерен развој на наставниците итн.
Во плодната дискусија особен придонес даде и колегата Зенафер Бајмак Грозданов, кој освен што е претседател на Регионалниот одбор на СОНК – Чаир, тој е и добар познавач на состојбите во стручното образование.