МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СОНК побара да се сопрат изборите на УКИМ поради епидемијата на коронавирусот

Неделков до наставниците - Работник
252views

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р. Македонија, како синдикат кој има голем број на членови во високото образование, со внимание ја следи состојбата на УКИМ во врска со избор на раководство на овој наш најголем и најреномиран Универзитет, истакнаа од СОНК во соопштението до јавноста.

„Секако, со оваа наша реакција, ние воопшто немаме намера да се мешаме во изборите на УКИМ, за што впрочем и немаме такво право како синдикат, но сепак имаме статутарно и морално право да се грижиме за здравјето и безбедноста на нашите членови. Имено, доколку не се сопрат сите активности во врска со изборниот процес на УКИМ, голем број од нашите членови ќе бидат спречени да го дадат својот глас заради донесената Уредба од страна на Владата, со која во вонредни услови се ослободуваат од работа  хронично болните работници како и родител со деца до 10 годишна возраст“, посочија од СОНК

Велат дека во вакви околности е забрането групирање на луѓе, што практично би значело и невозможност да се излезе на гласање за сенатори. Потоа наведуваат дека се чини дека е јасна најновата Уредба на Владата за замрзнување на изборните активности на УКИМ се до завршување на вонредната состојба во државата. Во текот на денот очекуваат изборната комисија при УКИМ да ги стопира и одложи сите свои активности, со што не би ги довеле во опасност по здравјето поголем број нивни членови, како и останатите вработени во УКИМ. Во спротивно, предупредија дека ќе имаат основано сомнение дека е направено кривично дело против здравјето и безбедноста на луѓето, како и злоупотреба на службената должност.

„Сигурни сме дека изборната комисија разумно ќе постапи и дека нема да има продолжување на изборниот процес се до завршување на вонредната состојба“, велат од СОНК.

На кандидатите за сенатори и Ректор на УКИМ им посакуваат фер и коректна кампања, со надеж дека на раководните позиции ќе бидат избрани вистинските луѓе кои ќе се заложат со сиот свој капацитет за подигнување на квалитетот на високото образование, како и за подобрување на социјалниот статус на сите вработени во УКИМ.