СОНК: Против законски е работодавач да формира синдикат
Сама по себе иницијативата на ректорите за формирање на синдикат на универзитетите во Р. Македонија е скандалозна и спротивна на законот за работни односи со кој не се дозволува мешање на работодавчите во синдикалното делување, рече Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, Јаким Неделков, додавајќи дека иницијативата е спротивна и на меѓународните конвенции коишто ги третираат овие проблематики.
Неделков вели дека според одредени информации потребата за формирање на ваков синдикат е за да се земат оние 10 проценти зголемување на платите во високото образование кои СОНК во макотрпни преговори со Министерството за образование и наука ги договори минатата година.
„Оваа теза за формирање на нов синдикат којшто ќе биде репрезентативен во дејноста високо образование е ноторна лага, од аспект на тоа што репрезентативен синдикат во образованието е СОНК“, рече Неделков.
Тој го покажа и решението за репрезентативност потпишано минатата година од страна на Министерството за труд и социјална политика коешто на СОНК му дава полно право да преговара за конкретното зголемување на платите во високото образование.
Целосната прес -конференција погледнете ја во продолжение: