СООПШТЕНИЕ НА „ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ“ ЗА ДЕНЕШНИОТ МИРЕН ПРОТЕСТ
Соопштение на „Гласен Текстилец“ за денешниот протест во Кавадрци, кое во продолжение можете да го прочитате во целост.
Во текот на денешниот ден, беше оддржан мирен протест пред Основен суд – Кавадарци од страна на 70тина жени поранешни работнички од текстилната фирма СО-НИ Дооел Кавадарци.
Имено, на работничките им се должат 3 плати , придонеси од плати и други парични побарувања од работен однос, а по речиси 2 години од заведената постапка пред судот, на 20.02.2023 година Основен суд Кавадарци донесе Пресуда со која го одбива тужбеното барање на тужителките поради тоа што побарувањата на тужителките не биле докажани –утврдени ??
Напротив побарувањата на тужителките се во целост докажани во постапката со доказите:
- Вешт наод и мислење од Вешто лице ангажирано од тужените
- Вешт Наод и мислење од Вешто лице ангажирано од тужителите
- Усогласени вешти Наоди од страна на двете вешти лица дека тужените должат неисплатени плати и други парични побарувања од работен однос
- Изјави дадени од 15 тужителки и од бројните други писмени докази.
Денеска на овој протест работничките поддршка добија од здружението за заштита на работничките права Гласен Текстилец од Штип кои велат дека ова не е прв пат текстилни работнички да се соочуваат со кршења на човекови и работнички права и тоа да наидува на некој начин , на одобрување од страна на оние кои се надлежни да ја спроведат правдата. За обичните граѓани, работнички за жал, во пракса повторно се покажува дека правдата не им е достапна.
Затоа и денес работничките преку протест пред судот во Кавадарци, го изразуваат своето незадоволство од правдата која очигледно е недостижна за обичниот граѓанин, за одлуката на судот во Кавадарци и затоа не е изненадувачки податокот за степенот на задоволство на граѓаните во правосудниот систем со 3% доверба на граѓаните.
Далеку сме како земја од ЕУ членството, далеку сме од пристап до правда за сите, едно општество за сите, во случаи како овој каде судот останува глув и нем за фактичка состојба и играње на дел од компаниите со човечки судбини и егзистенција.
Што да очекуваме кога при толку докази, искази, сведоци и вештачења кои јасно укажуваат на неисплатени плати и кршења на правата на работничките, сепак судот не го гледа тоа како проблем и ја одбива тужбата и покрај толку докази? Да ги
потсетиме судиите дека благодарение на овие и многу други оштетени работнички, тие земаат плата, ја имаат таа функција.
Овде повторно се отвара една а затвара друга фирма, се прави неликвидна, се изнесуваат финансии се со цел да се оштетат работничките. Ги повикуваме истражните органи, УЈП, МВР сектор за економски криминал, Управата на финансова полиција и Основното јавно обвинителство да ги проверат состојбите со СО-НИ и начинот на кој работниците остануваат без можност да си ги добијат своите плати.
Овде има елементи на кривично дело, и МОРА ВЕДНАШ да постапат споменатите истражни органи. Воедно дојдовме до сознанија па сакаме да поставиме прашање. Дали е вистина дека доколку има жалба до следната судска инстанца и дека преку пријателски и роднински врски, ќе се делува на овој случај? Да предупредиме дека Гласен Текстилец ќе го мониторира предметот и ќе ја бараме правдата до крај.
Против пресудата на Основен суд Кавадарци, се подготвува и Жалба до Апелациониот суд во Скопје.
За хронологија на настаните и манипулација со законите од страна на фирмите, во прилог објаснување:
Во ноември 2019 година сопственичките на фирмата Со-ни – сестрите Соња Милкова и Николина Новкова од Кавадарци целиот деловен простор на фирмата СО-НИ ДООЕЛ од Кавадарци го продаваат на фирмата Кожувчанка – семејна фирма на Градоначалникот Митко Јанчев. Исто така во ноември 2019 година ги продаваат и машините.
Но и деловниот простор и машините од страна на новите сопственици му се оставени на СО-НИ да работат во истите се до 23.02.2020 година,а во истиот деловен простор и со истите машини продолжува да работи новоотворена фирма Тефик текстил – формирана од вработена во СО-НИ се до денес.
Работниците работеле во фирмата СО-НИ се до 23.02.2020 година кога и се одјавени од Агенцијата за вработување
Фирмата СО-НИ Дооел на работниците им должи по 3 неисплатени минимални плати и придонеси од плата и други стасани парични побарувања од плата во вкупен изност од 9.633.158 денари .
Фирмата – Должник СО-НИ Дооел од Кавадарци за да го избегне плаќањето на долгот кон работниците –со дел од парите добиени од продажбата си намирува долгови спрема Еуро стандард банка а дел од парите во изност од 20.657.588,00 денари ги дава во позајмица на својата семејна фирма Бистрица , с.Мајден.
Тужителките до Основен суд Кавадарци во 2021 година имаат поднесено Тужба од 69 работници за наплата на своите стасани а неисплатени парични побарувања од работен однос во изност од 9.633.158 денари -со побивање на должникови правни дејствија склучени помеѓу семејните фирми СО-НИ ДООЕЛ И Бистрица од с.Мајден на штета на тужителите -и наплата на паричните побарувања на работниците – од дадена позајмица од 10.868,008 денари на име на семејната фирма Бистрица с.Мајден -која со Одлука од 05.12.2019 година – фирмата Должник СО-НИ дооел и го отпишува од Сметководствената Евиденција долгот на име заем во изност од 10.868,008 денари на семејната фирма Бистрица од с.Мајден .
Фирмата Должник СО-НИ Дооел е инсолвентна –не активна, нема подвижен и недвижен имот , има блокирана сметка од 11.02.2020 година ,нема прилив ниту одлив на средства ,не работи па работниците нема од што да го наплатат своето СТАСАНО А неисплатено парично побарување во изност од 9.633 158 денари, а единствена алтернатива од која можат да го наплатат своето побарување е од заемот даден на должникот- семејната фирма Бистрица од с.Мајден со побивање на правните дејсвија преземени на штета на тужителите.

