Социјалната работничка од Прилеп која се обиде да ја убие осомничен, доби поддршка од колегите од Кавадарци
Социјалните работници од Кавадарци денеска дадоа поддршка на нападната колешка од Прилеп. Членовите на Синдикатот на вработените во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Кавадарци денеска еден час ја прекина својата работа солидаризирајќи се со другите вработени од државата, во знак на жалење за немилиот настан во Центарот за социјални работи во Прилеп, каде врз наша колешка беше извршен обид за убиство, беше кажано на собирот.
Притоа беше укажано дека ова не е прв немил настан од ваков тип, од причина што социјалните работници се мета на насилство и говор на омраза од несовесни корисници.
Да напоменеме дека и покрај прекинот на работата, сите служби на МЦСР Кавадарци работеа без застој, а корисницџите беа навремени услужени“, беше посочено на собирот.
50-годишниот прилепчанец А. Ј. кој со пиштол ја застрелал 36-годишната социјална работничка од Центарот за социјални работи во Прилеп, успеал да избега при транспортот од демирхисарската Психијатриска болница до прилепскиот Основен суд.
Тој во болницата бил на задолжително лекување откако претходно бил осуден на година и три месеци, а против него се води уште еден судски процес. Уапсен е по нападот со пиштол врз социјалната работничка, а во рамки на истрагата на разговор в полиција е повикан и директорот на Психијатриската болница од Демир Хисар.
- Неделков: Некои работи не се забораваат така брзо и лесно! - 17/04/2025
- ЛЕГЕНДАТА НА ГЕРМАНСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА ОДИ ВО БАНКРОТ: Ги затвараат сите филијали по 92 години работа - 17/04/2025
- КРИМИНАЛНА ШЕМА ВО ХРВАТСКА: Над 100 странци вработени со фалсификувани документи, меѓу нив и Македонци - 17/04/2025