- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Со разговор и кафе информирај се за твоето вработување – Отворен ден на КСС

КСС - Работник
563views

Утре (четврток) 23-09-2021 година, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија одржува „ОТВОРЕН ДЕН на КСС“, на кој сите заинтересирани ќе може да се информираат за своите права од работен однос. 

„Ги покануваме сите заинтересирани да дојдат и да се информираат за своите права од работен однос на 23.09.2021г. (четврток) од 10,30 – 13,00 часот во Three kitchen and bar на ул. 50-та Дивизија бр.25 Скопје, кој се наоѓа веднаш до просториите на КСС.
На денот на настанот нудиме бесплатно членство за студенти и невработени лица.
Дојди, информирај се и стани дел од големото семејство на КСС!
ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ!“, стои во објавата на КСС.