ЕкономијаМакедонија

Со 22,500 минималец не се преживува – Потребни им се над 1,000 евра за да го преживеат месецот (ГРАФИКОН)

На 68 % од испитаниците месечно им се потребни над 1,000 евра за да ги покријат основните месечни трошоци.


Анкетата која ја спроведе порталот Работник преку фејсбук страната на која одговорија 738 испитаници покажува дека на повеќе од половина од нив (68 %) потребни им се над 1,000 евра за да ги покријат основните месечни трошоци. 23 % посочиле дека потребни им се од 700 до 1,000 евра, 7 % од 500 до 700 евра и само на 2 % од 300 до 500 евра за да го преживеат месецот.

Текстот продолжува после графиконот: Со 22,500 минималец не се преживува – Потребни им се над 1,000 евра за да го преживеат месецот (ГРАФИКОН)
Графикон by Работник Мк

Овие податоците укажуваат на два клучни аспекти. Прво, речиси никој од испитаниците не може да преживее со минималната плата која сега изнесува 22,500 денари (369 евра) и второ, се потврдува она што го тврдам во колумните – на најголемиот дел од луѓето им се потребни над 1,000 евра само за основните месечни трошоци.

Според ССМ, минималната синдикална кошница за едно четиричлено семејство во април изнесувала 60,212 денари и била за 1,214 денари повисока отколку во март годинава кога изнесувала 58,998 денари. Доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, во месец април му требале 75,787 денари за да го преживее месецот.

Фото: shutterstock, VAKS-Stock Agency

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk