СПМ:Честитка по повод роденденот за нашиот на Министер Оливер Спасовски

Честитка по повод роденденот за нашиот најмил Министер Оливер

Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ по повод роденденот на најдобриот некогаш на овие простори Министер Спасовски му го честита роденденот и му посакува се најдобро со желби на крајот да победи правдата и секој да одговара за стореното. Меѓу другото СПМ му посакува и:

  1. Да овозможи еднаков и праведен социјален дијалог и да разговара со сите синдикати а не со некојси поранешен доцент кој неможе да му излезе од “таквото”,
  2. Да престане со поделбата на послушници и “неподобни”,

3.Да се престане со незаконски решенија надвор од местата на живеење кон професионалците и неистомислениците,

  1. Да се престане со штанцање писмени наредби подолго од 30 дена од кои некои траат со години,
  2. Да се престане со поставување на високи позиции партиски и послушен кадар кој ги малтретира вработените како никогаш до сега,
  3. Да постави конечно Директор кој со својот авторитет ЌЕ БИДЕ ДИРЕКТОР а не “да мисли сеуште дека е обезбедување” на некој и да потпишува само неосновани дисциплински,
  4. Стави еден потпис мајкаму стара и барем основната плата на полицаец да биде 18.000 денари а не помала од законскиот минималец,
  5. Ти посакуваме драг Оливер преку твоите полтрони да престанеш со малтретирање на синдикалните преставници на СПМ,
  6. Ти посакуваме да набавиш основни средства за работа, сапуни и тоалетни хартии оти нема некаде со месеци и години(еве зградите во МВР, Велес итн),
  7. Ти посакуваме конечно да ти проработи разумот и на раководни позиции да поставиш вистински професионалци,
  8. Ти посакуваме или реформирај ја внатрешната контрола или веднаш распушти ја оти и онака работи само за “нашите” и најсилно оружје и се социјалните мрежи,
  9. Ти посакуваме да “ја раскинеш” онаа виртуелна и пред народ непостоечка љубов со док Маце и неговиот приватизиран Синдикат.

Претходната година токму за твојот роденден како Синдикат побаравме твоја оставка, затоа што се што пишавме тогаш и до ден денес немаш ниту помислено да подобриш или управиш. Само постои подобра реклама пред јавноста. Оваа година нема да побараме твоја оставка затоа што опстанокот на тоа столче не зависи повеќе од тебе, за жал. Затоа додека има време, поправи барем малку од нанесената штета, барем малку…

До тогаш….БОРБАТА ЗА ПОДОБРИ ПРАВА И УСЛОВИ ВО ПОЛИЦИЈАТА НЕ СОПИРА ТУКА….Ниту ЕДЕН МИНИСТЕР НЕ ПОБЕДИЛ СИНДИКАТ…ниту ти ќе победиш во таа борба…почитуван…

Да сте живи и здрави Министре Спасовски, СРЕЌЕН, НАЈСРЕЌЕН РОДЕНДЕН🇲🇰

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#силанановотовреме

линк:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid035HNqMfJ5GDEqAaRg8Q3JA3cFXvjGTMiXZC6pyX6HLCDp4nxaduGBZ9zaFy86T7v9l&id=100046824475551