- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Алиса во земјата на чудата

СПМ - Работник
400views
“Алиса” во земјата на чудата🎯
“Македонската полиција на свеченото дефиле пред Собранието на РЕПУБЛИКА с. МАКЕДОНИЈА, по повод јубилејот 30 години НЕЗАВИСНОСТ.
МВР е институција која што претставува заштитник на слободите и правата на граѓаните, на нивната сигурност и безбедност, како и на сигурноста и на безбедноста на општеството во целина.”….- рече гордо пред присутните неколку гости во своето обраќање нашиот ценет и незаменлив, нашиот еден и единствен, нашиот градител и фарбач на фасади, нашиот најдобар министер Оливер Спасовски.
Бидејќи ние и како вработените во МВР не “пиеме” нафта и преку глава ни е од твоите скапи реклами, нормално подразбирајќи дека под “Македонска полиција” не се подразбираат две три единици на кои веќе 5 години им купуваш и никако да им докупиш опрема до крај , да те прашаме министре за реклама Спасовски…❓
………❌………….⛔………….❌……………..
За каков безбедносен систем зборувате, за кои слободи и права во полицијата зборувате? … Ако се прашуваме ние, вработените тогаш Вие наш мил, драг, незаменлив единствен министре Оливер Спасовски одамна требаше да си заминете! Слободи и права? Ма во кој филм ти живееш незаменлив министре?
Го споменувате слоганот “ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА ” кој единствено го користите за политички маркетинг лично за Вас, како што ги користите и полициските службеници кои ги нарекувавте херои и силна полиција, а истата ја ослабнавте со поставување на неспособен кадар на раководни позиции ,полиција која ВИЕ ја партизиравте за Ваши лични политички цели … Видете дали има барем едно задоволно лице во редот на овие храбри момци па после удирајте се во гради. Запрашај се само колку стотици решенија со незаконски распоредувања потпиша во твоето време баш во тие единици кои ти без СРАМ се фалиш….
🎯Велите дека дигнитетот на професијата “ПОЛИЦАЕЦ” е подигната на повисоко ниво. Со што?
⛔Со фотографии од специјалните едници кои без дозвола на колегите ги објавувавте се со цел за да си го зголемите Вашиот рејтингот кој секој ден се повеќе и повеќе паѓа!? Се фалите со стотина нови униформи, а сите знаеме дека не се само специјалните единици , бројката на полициските службеници достигнува некаде од осум до десет илјади низ цела Република Македонија. Се фалите со десетина возила кои повеќето сте ги наследиле од вашите претходници, додека по дворовите на полициските станици се паркирани стари хаварисани и дотраени возила???
Со што се фалите⁉️
⛔Со одлевање на дипломирани студенти по безбедност и веќе вработен долгогодишен обучен кадар кој принуден поради мизерната плата или од Вас избркан со отказ, деградиран, симнуван оти ме размислува како Вас едно или повеќе нивоа ,без утврдени факти ,решава животот да си го продолжи во странски држави, барајќи мир и спокој и подобро утре за своето семејство, а се потекнува од Вас и Вашите пулени неспособни за менаџирање!?
Со тоа ли се фалите!?
🎯⁉️Зошто не се пофали дека полициските службеници благодарение на тебе не го добија ветениот паричен износ како награда а секојдневно се вклучени за воведување и спроведување на мерките во корона кризата која скоро втора година се уште трае, а воедно во економска криза се фалите што го утепавте кутриот македонски народ со пишување на казни од акциски контроли некогаш и по две на ден месеци наназад.
⁉️Оти не се пофали дека “твојата” полиција во твојот мандат НЕ ДОБИ ниту покачување на плата од како ТИ си министер , не се пофали и дека на многумина од твојата полиција како што се фалиш им ги замени работните денови со слободни денови за да не остварат право на бонус плата! Исто така не се пофали и дека не им го признаваш правото на регрес односно попознатото К-15 кое е мисловна именка иако тоа право им следува согласно Закон!
❌Но затоа СЕ ФАЛИШ со новиот и препишан нефункционален Колективен договор кој е на штета на вработените.
Затоа пак летните чевли, новата униформа, делови од униформа опрема ……остана на Вашето често користено омилено зборче “ЌЕ”-идно далечно неостварливо време. 😥
Не се добија многу од вашите ветувањата ‼️
Затоа пак НИЕ униформираните полициски службеници, инспекторите, специјалните единици, административните работници, техничкиот персонал како и се што е во домен во МВТ , иако сме деградирани од ВАС продолжуваме и се уште совесно си ги извршуваме работните задачи, и покрај разни притисоци се бориме во услови такви какви што сте ни обезбедиле, секој ден, секое следно деноноќие…
И на крај велите сте наследиле руинирани објекти кои Вие сте ги подигнале и обновиле, па побрзавте да протрчате низ станиците за да се изпосликате во предизборната кампања со цел да се пофалите дека сте еден,еднинствен и незаменлив Министер и нормално градител‼️
Да така е, тоа се залепените фасади од стиропор исто како проектот 2014 кој често го споменувавте! Премачкани со фарба за да се прекрие фушерајскиот материјал, а внатре објектите останаа недовршени и неопремени со столови и работни маси од “Дедо Ное”, но од улица убава е глетката!
Поитавте многу пребрзо наместо да бидат санирани и изградени по светските стандарди! Браво!
На се досега кажано одозгора,како јаготка на тортата, дозволивте да се узурпира,односно наметнавте поединци, а воедно и самите ВИЕ го злоупотребивте и најголемиот репрезентативен синдикат кој некој го развивал и градел со години од наши пари, сега да стане привезок на Вас а не работничка тупаница која ќе се бори за своите работнички права и ќе крева глас против секоја Ваша неправда кон нас!
Дали е сега јасно зошто треба да си заминете⁉️
ЗАТОА Бараме од Вас во иднина да не злоупотребувате и давате партиска директива заради зголемувањето на ВАШИОТ ЛИЧЕН рејтинг по социјалните мрежи со постирање на слики и статуси каде се прикажани полициски службеници каде сте и ВИЕ, можеби некој не би сакал да стои до Вас, но ете морал бидејќи е верен на заклетвата што ја дал и лојален на службата за која работи.
Да, тоа е вистината и знаеме дека те боли….Но единствено Ние како Синдикат имаме доблест и храброст да ти ја кажеме в’лице. Толку а ти не не слушај објави и пушти си и денес 10 клипови на “твојата” задоволна полиција😉.