МакедонијаНовостиСиндикат

СПМ: Барање за решавање на проблемот со слободни денови над 32 часа прекувремена работа

   Време за читање 1 минута

Фејсбук статус на СПМ:

Барање за решавање на проблемот со слободни денови над 32 часа прекувремена работа

Од страна на голем број наши членови добиени се поплаки во однос на настанатата состојба во поглед на Мислењето на Врховен суд на Република Македонија во однос на прашањето за бонус платата. Заради заштита на нашите членови и вработените во МВР го предлагаме следното решение:

Во член 171 став (3) од Колективниот договор „Доколку работникот одработи повеќе од 32 часа прекувремена работа во месецот, за останатите часови (над 32 часа) користи исклучиво слободни денови“.

Во конкретното решение, очигледно е дека користење на слободни денови (платено отсуство според мислењето на Врховниот суд) над законски предвидените 32 часа прекувремена работа е оставено само на работодавачот, па тој е тој што без волја на работникот во било кое време ќе овозможува користење на слободни денови на работникот.

Од тие причини Бараме преиспитување на ставот 3 од член 171 од КД на МВР односно наоѓање на решение каде работникот вишокот часови над предвидените 32 часа ќе ги користи како слободни денови (отсуство од работа) исклучиво ПО НЕГОВО ПИСМЕНО БАРАЊЕ. Своевремено согласно наведеното покрај измената во КД на МВР потребно е измена во овој дел и во предметното Упатство каде ќе биде предвиден и соодветен образец.

Се надеваме дека Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme ќе го земе во предвид овој проблем и експресно ќе го реши.

ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!