СПМ бара доследна примена на Законот за полиција, решавање на проблемот со дисциплинските постапки…
Синдикатот на полиција во Македонија објави три фејсбук статуси со барања упатени кон МВР
Барање за доследна примена на одредби од Законот за полиција- одземање на оружје на ПС![]()
Во изминатиот период сме сведоци на доста голем број постапувања на одреден број на раководители на организациски единици кои постапуваат спротивно на одредбите од Законот за полиција во делот кога „за се и сешто“ се одзема оружјето и сето тоа незаконски а сето тоа подоцна резултира со губење на судските постапки на МВР пред надлежните судови и плаќање на огромни суми на штета.
За таа цел укажуваме на достојно почитување на одредбите од член 31 од Законот за полиција:
„(1) Полицискиот службеник е овластен да носи оружје и други средства за присилба.
(2) Оружјето од ставот (1) на овој член со муницијата, времено ќе му биде одземено на полицискиот службеник за кој е започната постапка за сторено кривично дело или прекршок со елементи на насилство, до правосилноста на одлуката во кривичната односно прекршочната постапка.
(3) На полицискиот службеник времено ќе му се одземе оружјето од ставот (1) на овој член со муницијата, кога Министерството ќе добие известување од надлежниот центар за социјални работи дека сторил семејно насилство, до правосилноста на одлуката на надлежниот суд за привремена мерка за заштита.
(4) Одземањето на оружјето и муницијата од ставовите (2) и (3) на овој член, трае до завршувањето на постапката која последна ќе заврши со правосилна одлука.
За потсетување постапката согласно член 19 од Законот за кривична постапка започнува:
Член 19
Започнување на кривичната постапка и последиците од започнувањето
на постапката
(1) Кривичната постапка започнува со издавање на наредба за спроведување истражна постапка, или со првото преземено истражно дејствие пред да биде издадена наредба за спроведување истражна постапка, со определување на главната расправа по обвинителен предлог или приватна тужба, со предлог за издавање казнен налог или со предлог за определување мерка на безбедност.
(2) Кога е пропишано дека започнувањето на кривична постапка има за последици ограничување на определени права, тие настапуваат со одобрување на обвинителниот акт.
Со оглед дека во изминатиов период во пракса голем број на раководители секогаш пред воопшто било какво започнување на постапка за сторено кривично дело, веднаш се започнува со одземање на оружјето на полициските службеници, Бараме сериозно да се разгледа ова прашање, и од Ваша страна да се дадат идни насоки на постапување за доследно почитување на наведените законски прописи, со оглед дека во моментов бројката на незаконско одземени оружја по разни основи е доста голем, односно во иднина оружје на полициски службеник да се одзема секогаш кога е започната постапка за сторено кривично дело или прекршок со елементи на насилство.
Барање за решавање на проблемот со дисциплинските постапки![]()
Со цел избегнување на идни судски постапки против Министерството за внатрешни работи, баравме да ги решите следните работи:
Вo случаите кога против работник е поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, Раководителот на организациската единици е должен на работникот, претставник на предлагачот и другите учесници во постапката да им овозможи службен превоз на денот кога е закажана главната расправа против истиот работник, а не како до сега работниците од свој џеб да си го плаќаат превозот од било кој дел на Македонија,
Во периодот кога е закажана расправата за водење на дисциплинска постапка како и времето поминато од и до Секторот за дисциплински постапки на учесниците на постапката да им се засметува во работно време (ова често се злоупотребува од поедини раководители и често работниците за присуство на расправата земаат слободен ден, годишен одмор и слично),
Останува обврската и правото на секој работник против кого е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност по поднесено писмено барање може да изврши увид во доказниот материјал како и истото да го стори пред одржувањето на расправата. Ова право работникот може да го оствари непосредно пред одржувањето на главната расправа или за време на одржувањето на истата (ова е битно секој работник да биде запознат со ова право односно МВР / Одделението за дисциплински постапки да му го овозможи писмено, напишано во поканата за расправа илина било кој начин за да може работникот да си ги знае своите права).
Членовите 31 и 31а од Законот за полиција МОРААТ ДА БИДАТ ПРОМЕНЕТИ онака како што првично беше предложено од МВР![]()
На ден 03.03.2025 година на порталот „Либертас“ беше објавен наслов „МВР се премисли – ја ревидираше идејата за контроверзни промени во Член 31 од Законот за полиција“ каде по објавената реакција од нивна страна на предлогот за промена на Член 31 и бришење на Член 31-а од актуелниот Закон за полиција, веднаш пристигнала реакција од Министерството за внатрешни работи каде од таму информираат дека сепак е одлучено конкретниот член да не се ревидира.
Имено од соопштението: „Министерството за внатрешни работи изврши дополнителна анализа и проценка на предложените решенија и аналогно на тоа во постојната работна верзија на предлогот на закон повеќе не е предвидена никаква интервенција (ревидирање или бришење) во наведениот член, односно постојните решенија во важечкиот Закон за полиција во тој дел остануваат непроменети“ – извор МВР.
Согласно наведеното Бараме повторно преиспитување на спорното соопштение за повлекување на промена на член 31 и бришење на член 31-а од актуелниот Закон за полиција и како Синдикат сметаме дека наведеното решение за повлекување на предлог законот – наведените членови е избрзано со немање доволно причина и аргументи, поаѓајќи од фактот што токму од овие членови во минатото на многумина полициски службеници неосновано им се одземаше оружјето иако воопшто претходно немаше започната никаква постапка согласно одредбите од Законот за кривична постапка.
Затоа повторно со оваа Ургенција бараме повторно преиспитување на наведената одлука и така наведените предлог измени на Законот за Полиција да се отпочне процес за нивно донесување во Собранието на Република Македонија и за тоа да бидеме писмено известени.

