МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ бара неодложено тестирање за Ковид -19 на полициските службеници

СПМ - Работник
90views

Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) бара веднаш да се обезбедат бесплатни тестови со кои ќе се изврши скрининг на полициските службеници, идентификување на асимптоматските случаи и мапирање на случаи на лица кои веќе го прележале корона вирусот.

„Како Синдикат неодложно бараме доколку е во можност Министерството, а доколку не, Владата веднаш да обезбеди бесплатни тестови со кој ќе се врши скрининг и тоа по возраст и хронични болести кои би биле опфатени со испитувања во првиот период, а потоа и за сите други со цел да се види опфатеноста на полициските службеници со овој вирус, идентификување на бројот на асимптоматски случаи кои во голем број се присутни помеѓу припадниците на МВР. Имено, истите се заразени, а не се свесни поради тоа што немаат симптоми, а од друга страна го пренесуваат на други лица, како и мапирање на случаи и лица кои веќе го прележале, а не ни знаат“, се наведува во денешното соопштение од Синдикатот на полицијата.

Од Синдикатот посочуваат дека до нив секојдневно стигнуваат информации дека во редовите на МВР има нови позитивни случаи, но и случаи во кои полициските службеници се сомневаат дека се заразени.

„Во изминатиот период полицијата не остана имуна на болеста па бројот на болни и кај припадниците на МВР секојдневно растеше. Со оглед на фактот дека државата треба да се врати во нормален процес на функционирање, имено процесот кој навистина беше и опфати многу полициски службеници „Избори 2020 година” помина, зголемениот број на заболени во овој период од месец мај наваму како и спречувањето на појава на полициски кластери после сите овие активности како Синдикат бараме веднаш да отпочнат скрининг тестирања согласно гореспоменатиот план со цел спречување на ширењето на болеста помеѓу сите полициски припадници“, велат од Синдикатот.