МакедонијаСиндикат

СПМ: БЗР – Што беше тоа?

   Време за читање 3 минути

Фејсбук статус на СПМ:

БЗР – ШТО БЕШЕ ТОА ⁉️

Иако рокот даден од СПМ за јавна објава и објаснување на измените на КД од страна на МПС измина во Понеделникот, се надевавме дека барем со ново-старото раководство МПС ќе започне конечно да се однесува како Синдикат, НО ПОПУСТО!!!

Се работи за “мала” измена на членот 338 став 1 од КД, каде стои дека одредбите од членовите 131 до 140 ( БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА) ќе започнат да се применуваат од 01 Јануари 2027 година наместо досегашниот датум 01 Јануари 2025 година.

Имено, одредбите во членовите 131 до 140 на Колективниот договор на МВР се однесуваат на Безбедност и здравје на работниците при работа во МВР.

Со ваквото одложување до 2027 година, МПС си даде за право да ги лиши вработените во МВР, ОСОБЕНО УНИФОРМИРАНИТЕ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ од:

1. безбедност и здравје при работа на работниците, од секој аспект поврзан со работата

2. заштитни мерки и работни методи кои ќе го подобрат нивото на безбедноста и здравјето на работниците при работа.

3. опремата и облеката за заштита на работниците и начинот на нејзина употреба

4. планирање и набавка на опрема и средства за работа

5. Проценка на ризик за секое работно место, имајќи ги предвид сите ризици односно опасности и штетности по здравјето на работниците

6. испитување на средствата за работа

7. обезбедување опрема за лична заштита и нејзина употреба

8. други мерки утврдени со Законот за безбедност и здравје при работа односно со актот за безбедност и здравје при работа на Министерството и актот за проценка на ризик за секое работно место. ( цитирано од КД )

Во превод, МПС му дозволи на работодавачот (МВР) , да нема обврска да води сметка и грижа за здравјето и безбедноста при работа на работниците , како и до сега ( професионални заболувања и болести ), а не ја разбраа нити поуката од времето на Ковид19 кризата, слободно одлучување на МВР дали и кога ќе набави униформа и работна опрема и доколку набави да нема обврска таа униформа или работна опрема да исполнува било какви современи стандарди за заштита, што значи дека постоечката ( опасачи, панцири, кациги, шлемови па и униформата ) ќе си ја носиме до недоглед, дозволија да нема обврска за проценка на ризик за штетности и опасности од работата што може да резултира со повреди, заболувања, па ќе продолжиме со досегашното секојдневно “газење на јајца” за да не си налепиме нешто, да мрзнеме во зима и да добиваме топлотен удар на лето…

Од овие и многу други причини, го повикуваме Министерот добро да размисли со кого ќе преговара за идниот Колективен договор, доколку навистина има намера да ги подобри условите за работа во МВР, како што покажува во досегашното работење, бидејќи тоа време многу бргу наближува.

П.С. За позицијата и мислењето на НСП за ова “проблемче” нема ни да коментираме, сигурни сме дека се уште не ни слушнале за овие измени. Ионака не прави разлика…

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#новатаеранапрофесионализмот

#силанановотовреме