- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Вистината за боледувањето во Колективниот договор

788views

“ВИСТИНАТА ЗА БОЛЕДУВАЊЕТО❗
(нема да дозволиме да бидете манипулирани…прочитајте и споредете ги доказите кои подоле ги прикажуваме🎯)

●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●

Почитувани членови, почитувани вработени, да одиме по ред и да објасниме за да може секој вработен да ја свати вистината за новиот штетен колективен договор на МВР…

Да се потсетиме како беше порано… 🎯

✔Во Колективниот договор на МВР (сл.весник на РМ 69 од 2015 година) во член 179 став 3 работниците со статус на овластени службени лица за време на лична неспособност за работа (болест) или повреда на работа им се исплатуваше 100% надомест на плата во висина на основната компонента на платата зголемена за делот од исклучителната компонента на платата утврден во член 169 од КД на МВР (ова е зголемувањето за 45% на ЕСЗ, ЕБР, Одделенијата за обезбедување, 20% ПЕП и слично).

Каде е направена штетата (измамата) за работникот во новиот и штетен Колективен договор потпишан од Спасовски и Кицев❓

✔Во Колективниот договор на МВР (службен весник на РМ број 149 од 05.07.2021 година) боледувањето е регулирано во членот 178. Во став 3 од истиот член е наведено дека работниците со статус на овластени службени лица за време на лична неспособност за работа (болест) им се исплатува надомест на плата во висина на основната компонента на платата. Внимавајте, исклучителната компонента на платата утврден во член 168 од КД на МВР (зголемувањето за 45% на ЕСЗ, ЕБР, Одделенијата за обезбедување, 30 % за информатига, 20% ПЕП, 10 % за гранична полиција и слично) ЈА НЕМА. Ова просто значи дека во идниот период работниците кои земаат исклучителна компонента а се опфатени во членот 168 од Колективниот договор нема да земаат додаток (45%, 30%, 20%, 10% и така натаму) односно кога ќе бидат на боледување ќе ја земаат само основната плата согласно нивните бодови во решенијата каде работат).

Но ИЗМАМАТА не сопира тука❗❗❗

✔Во службен весник на РМ број 299 од 29.12.2021 година одредбите од член 178 став 3 од новиот колективен договор ќе започнат да важат од 01.07.2022 година. До тогаш НЕМА ДА СЕ ПРИМЕНУВААТ!
Од причини што одредбите до месец Јули 2022 година се суспендирани, на сила стапува членот 178 став 1 од Колективниот договор на МВР кој вели: „За време на привремена неспособност за работа до седум дена, работникот има право на надомест на плата во висина од 70%, до 15 дена почнувајќи од првиот ден на боледувањето – надомест на плата во висина од 80% и до 30 дена за сите денови – надомест на плата во висина од 90%. До месец Јули 2022 година оние што че одите на боледување ќе земате плата и тоа 70%, 80% или 90% зависно од деновите боледување!

🎯Да ова е вистината за НОВИОТ ЕВРОПСКИ и најдобар колективен договор во МВР а штетен за работниците во МВР❗

Ова значи дека тврдењето на МПС дека „сите одредби се преземени од стариот Колективен од 2015“ е ЛАГА❗

Многу пати до сега сме прашале, но вие од МПС со вашиот ортак, Спасовски, повторно и повторно не присилувате да прашаме:
КАКО НЕ ВИ Е СРАМ❓
КАДЕ ВИ Е ЧОВЕЧНОСТА❓
Ајде тоа што ги одложивте одредбите за Заштита при работа до 2025-та, нека ви биде, иако е нечовечки и нехумано.
Побрзавте да го усогласите КД за боледувањата-70% плата до 7 дена, 80% плата до 30 дена и 100% плата над 30 дена.
Но што е тоа што ве натера, кој ѓавол ве натера, пред Нова година, ИСКЛУЧИВО СТАВ 3 ОД ЧЛЕНОТ ДА ГО ОДЛОЖИТЕ ДО ЈУЛИ❓
Тој став 3 гарантираше на ОСЛ да им биде исплатена основна плата без разлика на деновите на боледување (без исклучителната компонента)❗
Ајде и тоа што ни на крај памет не ви паѓа, ако воопшто имате веќе памет, да побарате Ковид додаток, сега не ни дозволувате ни да настинеме??? Па со оние “чевлиња и чизмиња” за на бензиска и на далеководи, а и со ВЕТРОВКИТЕ „што ги дадовте“, нема друга опција освен боледување?!
Ова ги преминува сите граници и на ненормалното. Или на ваков начин ќе ги враќате тие фамозни 5% порамнување?
Д-р Маце, ги оставивте колегите без заштита при работа, господ да ги чува, не им дадовте ни денар, им ги зедовте прекувремените, а сега не им давате ни да се разболат како луѓе??!
Ова ли се карактеристики на Синдикат, ова ли договарате со ортакот Спасовски, како повеќе и побезобразно да ги доуништите полицајците?
Треба да знаете дека не страда само полицаецот од овие ваши “социјални дијалози” , туку и целото негово семејство.
Но, бидејќи сте далеку од Синдикат, се ова за Вас нема да значи ништо, ќе си продолжите со игнорирање бидејќи докажавте дека немате ни чест ни образ, па сигурно и на 30 Јуни ќе го одложите повторно став 3 од член 178 до крајот на годината.
И како за желба за Стара Нова година, СПМ Ви посакува “одбројани” денови во МВР!!!
На двајцата!!!

На крајот….Што ќе ти е титула доктор кога немаш елементарно познавање на работните односи…кога само еден став од член не си способен да го споредиш. Уствари „твојот“ шеф ти нареди така да лажеш. А за начинот како си станал доктор еден ден ќе го провериме и тоа.. ти ветуваме…✔

Ја претера веќе со тимот кој ” победувал”. Време е веќе членовите кои на сила ги држиш во тој твој самонаречен единствен да ја дознаат вистината за тоа зошто Ти и тие неколку околу тебе “трчате” и ширите пропаганда….и колку се офајдивте од тоа….Од наредната недела ќе биде и тоа ….Ти дава збор оваа група како што самиот ја нарекуваш”.

Со почит,💖

Синдикат на Полиција во Македонија- СПМ – СИЛАТА НА НОВОТО ВРЕМЕ✊🇲🇰🇲🇰🇲🇰