- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Владеење на правото, што беше тоа?

СПМ - Работник
445views
На ден 30.07.2021 година Министерот за внатрешни работи Oliver Spasovski и претседателот на “неговиот” синдикат МПС потпишаа “Листа на работни места во МВР за кои не се спроведува транспарентна постапка” (интерен оглас).
Во самата листа е наведено (види слики) дека транстарентна постапка за распоредување не се спроведува за работните места:
-Началник во Сектор за внатрешни работи и
– Началник на Регионален, центар за гранични работи.
Најверојатно затоа што така им одговара на овие двајца за кои ПРАВОТО за нив е МИСЛОВНА ИМЕНКА.
Дозволете да потсетиме дека за наведените високи позиции(началници) во СВР и РЦ за ГР согласно членовите 22 и 26 од ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА, началникот во СВР и РЦ за ГР го назначува Министерот од редот на вработените ВО ТРАНСПАРЕНТНА ПОСТАПКА‼️
Значи за да биде поставен началник на наведената позиција ПОТРЕБЕН Е ИНТЕРЕН ОГЛАС‼️
Дали и зошто и овојпат се ставате над законот Ви е јасно на Вас двајцата‼️
Наше е да овозможиме во Министерство за внатрешни работи ДА ВЛАДЕЕ ПРАВОТО✅
Веднаш да го поништите тој незаконски акт и да донесете друг❌
Бараме одговорност за ваквото незаконско работење ‼️✊
СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА – СПМ