СПМ ги запозна со барањата членовите и вработените во ОВР Демир Хисар
Денес во ОВР Демир Хисар одржавме состанок со дел од членството и вработените. На состанокот Претседателот на СПМ Орце Коцевски и Генералниот советник на СПМ Никола Кирковски заедно со Претседателот на СО Демир Хисар Благоја Богдановски ги запознавме со дел од барањата на СПМ:
1. Повисоки плати….. Вистината за општиот КД за јавен сектор,
2. Учество во работни групи во новиот КД,
3. Учество во работна група за систематизација, ревизија на интерните прописи,
4. Постапка за измена на член 382 и 383 од КЗ на РМ,
5. Предлог СПМ за боледувања,
6. Барање за 10 просечни плати за заминување во пензија,
7. Барање за посебно признание и плакета на секој бранител од 2001 година,
8. Решавање на проблемот со СД и единствено да се дава само по барање на работникот,
9. Решавање и сваќање на поимот „работник“,
10. Во новиот ЗВР основната плата ќе биде минималната плата во Македонија,
11. Барање за нова униформа на полицијата, Барање за укинување на тендерите за хигиенски и печатарски услуги,
12. Барање на СПМ за одземените оружја – член 31 од ЗП,
13. Закон за посебните права на безбедносните сили,
14. Барање за решавање на проблемите со дисциплински расправи,
15. Барање панцири и плочи и заштитни маски,
16. Злоупотреба на прекувремени часови и бонус плата,
17. Барање за тетоважа и брада.
При посетата со присутните беше разговарано за различни теми поврзани со правата на вработените кои произлегуваат од работен однос и теми кои ги покриваат синдикалното работење на СПМ а како заеднички заклучок од состанокот е дека поимот ” дијалог” што го користат останатите дека претставува „смислено“ оправдување пред вработените и членството а се со намера да ја прекријат нивната немоќ за преговарање!
За покачување на платите на вработените во МВР соопштено и пренесено е дека истите ќе се покачат согласно одредбите од Општиот КД за јавен сектор. Се друго што се пласира помеѓу колегите е ЛАГА.
На крај посебен акцент е беше ставен на решавање на проблемот со слободните денови ( единствено преку писмено барање на работникот) и донесен став дека не постои начин на решавање на проблем од одредени структури кои самите свесно го донесоа проблемот.