СПМ со поддршка за зголемување на минималната плата
Социјалистичката партија на Македонија согледувајќи ја актуелната состојба поврзана со барањата за зголемување на минималната плата, изразува целосна поддршка на синдикатите и на работниците за нивните барања.
Македонската држава според Уставот е и социјална држава. Владата и стопанствениците мора тоа да го почитуваат и да им овозможат на работниците услови за пристоен живот.
Ниските плати, а особено заостанувањето на минималната плата го влошува живеењето на граѓаните кои едвај преживуваат во услови на пандемија, раст на цените на храната, енергијата и сите потреби за живот.
Во програмата на Владата е најавено зголемување на платите и од таму СПМ ја поттикнува власта да ги оствари своите ветувања и да ги компензира исплатите согласно очекувањата и барањата на работниците и синдикатите.
СПМ безрезервно ги поддржува синдикатите и работниците во нивните барања и за остварување на нивните права.
Социјалистите предлагаат нов општествен договор за реална и праведна распределба на општествениот производ.
Затоа се потребни нови избори и власт што ќе ги реализира очекувањата на работниците и македонските граѓани.
Социјалистичка партија на Македонија

