СПМ: Ги повикуваме сите вработени во МВР да дадат свој придонес за подобрување на правата
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:
Почитувани членови на СПМ, почитувани вработени во Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme
Процесите кои се веќе започнати во МВР, новиот закон за внатрешни работи, самите посебе налагаат, во периодот кој следи да биде донесен нов Колективен договор на МВР или измена на постојниот.
За таа цел, го повикуваме нашето членство и сите вработени во МВР активно да се вклучат во наредниот период и да дадат придонес со свои идеи и предлози кои ќе придонесат за подобрување на правата на вработените во МВР.
Сите образложени предлози со конкретни иницијативи доставете ги на адреса:
sindikatnapolicijavomakedonija@gmail.com
најкасно до 31.10.2025 година, после кој период од СПМ ќе бидат сублимирани сите предлози кој ќе бидат доставени до МВР.
Дај и ти придонес во борбата за подобрување на условите за работа во МВР ![]()
![]()
Време е конечно МВР и работниците да добијат Колективен договор каде конечно ќе реши многу прашања, нејаснотии како и унапредени подобри права во Полицијата.

