МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ даде поддршка на денешниот протест на НСП

   Време за читање 2 минути

Денес Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ даде поддршка на протестот на Независен Синдикат на Полицијата -НСП во Штип❗

Ова денес што се случува не е прв пат да има ваква реакција. Имаме испратено безброј писма и реакции за да денес не дојде она што во моментов ни се случува. Речиси да нема ден кога нема нападнат полицаец.

И нека не се чуди Македонската јавност зошто е тоа така, кога оној што ќе нападне полицаец согласно сегашните одредби на Кривичниот законик често завршува со парична казна. Да оној што ќе нападне полицаец и оној кој ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие завршува повторуваме со парична казна согласно сегашните одредби од Кривичнот законик❗

Но денес сме тука за друго. Денес сме тука да го потсетиме Министерот за внатрешни работи каде веќе го знаеме неговиот јавен став дека напад на полицаец е НАПАД НА ДРЖАВАТА ❗

Доколку го мисли тоа искрено, еве има подршка од сите нас, Бараме кривичните дела напад на овластено службено лице да бидат изедначени со кривичните дела од категоријата „напад на државата“ кои во просек изнесуваат казна од минимум 5 односно 10 години затвор и веќе во понеделник да предложи до Владата измена на членовите 382 и 383 од кривичниот законик. Само така ќе веруваме дека тие намери се искрени и еве ја има нашата подршка. Барем со таков гест да покаже дека барем еднаш се грижи за полицискиот службеник.

Доколку во наредниот период од страна на Министерството за внатрешни работи нема никаква иницијатива за зголемување на казните од напад над полицискиот службеник како и комплетна ревизија на одредбите од Законот за полиција во делот на одземање на оружје за се и сешто на полицаецот, тогаш ние ќе поднесеме иницијатива до Собранието на Република Македонија. Ова лудило мора да сопре❗

Напад на полицаец = НАПАД НА ДРЖАВАТА 🎯❗

#враќањенапрофесионализмотвополицијата
#новатаеранапрофесионализмот
#силанановотовреме