ПравдаСветот на работникот

Ефектите од недела – неработен ден

 
Изминаа две недели откако се применува новата законска измена за недела неработен ден, но се чини има повеќе замерки отколку пофалби во однос на ова законско решение. Во изминативе две недели дејностите определени со Законот останаа под клуч, финансиските импликации кои ги наложи овој закон работодавачите тврдат дека за нив се преголем товар.
Инспекторите излегоа на терен за да извршат надзор дали дуќаните и другите фирми соодветно го почитуваат Законот за недела неработен ден. Од нивна страна не беа забележани големи нерегуларности, се чини дека работодавачите не сакаа да ризикуваат да се соочат со забрана за работа од 15 дена и прекршочна пријава. Еден од исклучоците каде неделата беше работна освен во оние дејности кои се најдоа на листата на неопходни и такви дејности чиј процес не дозволува да се прекине, а отворени беа рестораните и кафулињата во кои оние кои во неделата не работеа можеа да ги посетат на кафе или храна со своето семејство и пријателите.
Меѓутоа, иако очекувано оваа мерка не и се допадна на бизнис заедницата, истата наиде на неодобрување и од страна на граѓаните во улога на потрошувачи. Работниците кои благодарение на ова законско решение останаа дома немаат замерка, но сепак, граѓаните кои сакаат да одат на пазарење или само прошетка низ продавниците не можат брзо да се прилагодат на новата мерка. Ова е наше би рекле менталитетно обележје на нашите граѓани, секако и навика да им биде достапна секаква стока, па и услуга постојано. Од друга страна, посакуваме европски стандарди на живеење и европски вредности пресликани кај нас, но како општество не знаеме да се носиме со нив соодветно. Во голем број европски земји, да потсетиме, покрај тоа што неделата е работен ден, продавниците и шопинг центрите работат пократко, однодно затвораат помеѓу 19 и 20 часот (секако со исклучоци).
Тимот на Јуридика