МакедонијаСветот на работникот

Вторник е неработен ден – До крајот на годинава има неколку продолжени викенди

По 8 Септември, граѓаните ги очекуваат уште неколку неработни денови до крајот на годината, а дел од нив ќе донесат и продолжени викенди.

Следниот неработен ден е 8 септември (вторник) – Денот на независноста на Република Македонија. Празникот годинава паѓа во вторник, што значи дека со земање слободен ден во понеделник може да се спојат четири слободни денови.

Потоа следува 12 октомври (понеделник) – Денот на народното востание. Бидејќи 11 Октомври годинава се паѓа во недела, понеделникот е неработен, па граѓаните ќе имаат продолжен викенд.

На 23 октомври (петок) се одбележува Денот на македонската револуционерна борба, кој исто така носи продолжен викенд.

Последниот неработен ден за сите граѓани во годината е 8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски.

За граѓаните од католичка вероисповед, неработни се и 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци, како и 25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ.

Така, календарот до крајот на годината носи уште неколку можности за одмор, а особено поволни се датумите во октомври, кога следуваат два продолжени викенди.