СПМ: Зошто ги заборавивте полициските службеници?

Зошто ги заборавивте полициските службеници?

Ова вчера што го изјавија преку соопштение од Владата за буџетот за 2023 година за жал мораме да констатираме дека е страшно, жално и бедно и невреднување на трудот на вработените во Полицијата. Со оглед на тоа сметаме дека ваквата одлука на Владата е СРАМНА. Се сеќавате до пред извесно време пред неколку години токму од Министерот Спасовски беше измислена паролата „Задоволна полиција – безбедни граѓани“. Да се запрашаме а и запрашајте се Вие господа од Владата и Министерството сега дали после овој гломазен буџет ќе имаме ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА?

Како Синдикат сметаме и веруваме дека Ви е познато дека вработените во МВР заслужуваат многу повеќе од предвидените НИШТО денари кои ги предлага Владата со новиот буџет за 2023 година. Барем да предвидевте основната плата на полицаецот да биде покачена на 18.000 денари. Да, онолку колку што изнесува законскиот МИНИМУМ.

Согласно наведеното Бараме основната плата на вработените во Полициката да изнесува 1 ЕВРО ~ 1 БОД.

Со почит,

Синдикат на Полиција во Македонија

линк:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02aRjrGmrdGdD5Nw4aCruKEjw1zc9RUr9p6c9NzTdyei4sn5PqkGK4en1vqudjnmikl&id=100046824475551