СПМ: Нападната полицијата пред институциите, повредени полицајци…

“Нападната полицијата пред институциите❗️
Повредени полицајци❗️
Демонстрација и вандализам❗️
Расечен и претепан полицаец❗️
Насилство❗️
МВР години наназад никако да излезе од лавиринтот наречен НЕПРОФЕСИОНАЛИЗАМ и тоа за жал почнувајќи од највисоките структури па се до доле.
7 години без малку господине МИНИСТЕР МВР го раководите Вие, за жал време е да сумираме што направивте па да почнеме од можеби најбитното – заштитата на полицаецот.
Нападите кои во изминатиот период ги трпиме, не газат кај ќе стигнат, не понижуваат, не газат на автопати, не удира кој стигне, со години наназад немаш ни збор проговорено а се со цел да ја заштитиш твојава наречена „задоволна полиција“.
Секојдневно се понижува, се гази на достоинството и авторитетот на професијата „Полициаец“. Збор немаш соопштено како и на кој начин неа да ја заштитиш а сторителите да излезат експресно пред лицето на правдата кои често завршуваат и неказнето.
Но ајде да влеземе подлабоко и да видиме и потсетиме зошто е тоа така и не ти е битно за обичниот „Жацо“ кој не е „твој“.
Смени, незаконски прераспоредувања, наредби, секојдневни закани, уцени, измислени дисциплински, злоупотреби на правилникот за социјални мрежи кој за жал најмногу го критикувавте а Ви стана најсилна алатка за справување со неистомислениците и професионалците. Сега откако неодамна ТИ го измисли и Етичкиот кодекс па удри најјако на професионалците и неистомислениците додека „нашите“ можат да прават што сакаат оти нели се наши.
Секојдневно се известува за нападнати полицајци, повредени полицајци, па дури и со опасни орудија и огнено оружје, но досега немаме реакција од било каков вид од Министерот а небаре Директорот на БЈБ?! Да прашаме имаме ли воопшто Директор на БЈБ и што работи воопшто? Само за шетање по странство ли е поставен и Министерот да си го носи секаде со себе, недавајќи притоа ни збор да изусти? Искрено се сомневаме дека сеуште „мисли“ сека е обезбедување на Министерот па не си ја знае основната негова задача – заштитата на неговите полицајци за кој е поставен да се грижи.
Пак да прашаме каде е сега заштитата и здравјето при работа за полицајците? Или не мислевте на ова кога ги одложивте тие одредби во вашиот “европски” колективен по 2025-та?
Или тие полицајци се “обични” па не мора за нив да има?! Директор, сите полицајци се луѓе кои треба здрави и живи да си одат дома после смена. Ги разликува само обуката, но сите ги имаат истите права на заштита на животот и здравјето. Не смее да се дозволи ваков биланс на повредени. Многу од нас биле во исти и слични ситуации и затоа најодговорно тврдиме дека повредите настапиле заради неисправна опрема, недоволна обука, неправилна координација со полицаецот на терен од страна на одговорните – вашите поставени кадри!!! Бидејќи не постои свесен и нормален полицаец кој своеволно би се изложил на повреди.
За квалитетот на кадрите кои ги вработувате не сакаме да коментираме иако имаме многу на таа тема.
Дали ти е мирна совеста Директоре за тоа што за околу 15.000 денари основна плата ги изложуваш полицајците на вакви ризични задачи? Ризикот е секојдневие на полицаецот и тоа доброволно го прифаќа со својата заклетва. Но да се искористува тоа на ваков начин е НЕДОЗВОЛИВО! Па нека бидат тоа и Вашите 26.000 “бруто минимална плата”, дали навистина не ви тежи на совест за тие пари да има вакви резултати и вакви наслови по медиумите???
Обрнете внимание на полицаецот, должни сме да Ви укажеме на големиот револт кај колегите затоа што ги занемаривте нивните права, нивните животи, нивните семејства, со лагите кои Ви ги пласираат вашите луѓе од доверба и секојдневно се прави огромна штета на вработените. Тој револт расте се повеќе од ден на ден, а деновиве и вие станувате свесни за таквите состојби. Не дозволувајте да паднеме уште повеќе бидејќи дното го достигнавме одамна.
Заштитете ги полицајците! Испочитувајте ја нивната работа и зголемете ја вредноста на бодот на 1 евро и тоа веднаш❗️
Покажете достоинство, интегритет, одговорност и колегијалност! А не само да го барате тоа од полицајците! Треба Вие да го поседувате!
Вас колеги Ви порачуваме да се чувате во овој период за кои за жал сте оставени на “милост и немилост” од страна на нашиот работодавач и Директорот на БЈБ. Господ да не чува🙏🙏🙏
Затоа од вакви „необјасниви“ причини а познати само за тебе директоре, секојдневно МВР се празни, затоа „молите“ да вработите полициски службеници и мака мачите да го пополните нивниот број. Од златна и посакувана професија ја направивте………..најомразена!
Ред, правда или дисциплина што беше тоа⁉️
………………….. …………………….
„После сите случувања каде се спомнува полицијата и постапувањето на истите, ова е сосема логично како последица. Самиот министер ги охрабрува и не само тоа ги поттикнува на такви дејствија со тоа што во старт ја обвинува полицијата и се става на страната на граѓаните, со повеќе од смешни образложенија , кои очигледно не се придржуваат кон основните правила на однесување. Што следи понатаму – крв на полицаецот на асфалтот. Дали тогаш министерот ќе сноси некаква одговорност. Не, и понатаму ќе ,, тера политика” и евтина демагогија како и досега . Се срамам, поради туѓ ,,резил”, што некогаш сум бил дел од МВР“ – коментар на еден професионалец на Македонската полиција и долгогодишен професор. После ова немаме коментар………. има ли спас од спас во дното?!