СПМ: ШТО Е ПОЛИЦАЕЦ, ШТО РАБОТИ И КОЛКУ ЗАРАБОТУВА
ШТО Е ПОЛИЦАЕЦ, ШТО РАБОТИ И КОЛКУ ЗАРАБОТУВА![]()
Од полицаецот бараме да биде сè – полицаец, инспектор, контролор, чувар и последна адреса кога сите други институции немаат време, кадар или волја да си ја завршат работата.
Го праќаме во шума, на дивоградба, во инспекциски контроли, кај загадувачи, поштенски услуги, обезбедување за сѐ и сешто каде ли уште не.
А кога треба да му се вреднува трудот, излегува дека основната плата на полицискиот службеник е под минималната плата во државата.
Значи, кога треба работа – полицаецот е доволно добар за сè.
Кога треба да се плати – одеднаш е само трошок.
Полицаецот не може да биде и шумски инспектор, и градежен инспектор, и еколог, и ветеринар, и урбанист….. И сѐ![]()
Ако државата сака полицијата да ја работи работата на сите, тогаш барем нека престане да се преправа дека има институции.
Зашто вака добиваме систем во кој:
ЗА СЕКОЈ ПРОБЛЕМ – ПОЛИЦИЈА, А ЗА ПОЛИЦИСКИОТ ПРОБЛЕМ – НИКОЈ![]()
Затоа секој месец се повеќе млади ја напуштаат оваа служба.
Бараме ИТНА промена во одредбите на Законот за внатрешни работи во делот плата каде основната плата да не биде помала од минималната ![]()

