СПМ одбележа 4 години од своето постоење
Фејсбук статус на Синдикатот на полицијата во Македонија:
Среќен роденден СПМ
Во периодот 20-21.05 2024 година во х.”Слив” – Виница се одржа Собрание на СПМ поклопувајќи се со малиот јубијеј – четврта година од постоењето на СПМ.
Свечениот настан и чин го збогатија Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати г-дин Благоја Ралповски. На свечениот настан свое обраќање имаше и Генералниот советник на СПМ Никола Кирковски.
Од страна на Претседателот на СПМ Орце Коцевски беше детално презентиран отчетот за 2023 година, сработеното на СПМ на повеќе свери и добиените резултати.
Беа доделени пофалници и благодарници на неколку синдикални претставници на СПМ за нивниот голем придонес во целите и развојот на СПМ за 2023 година.
Беше доделена и ПЛАКЕТА на Генералниот Советник на СПМ Никола Кирковски за неговиот придонес во унапредување на целите и развојот на СПМ.
На покана до братскиот Синдикат на Српската Полиција од Република Србија, нивни преставници претставувани од Генералниот Секретар на Синдикатот Дарко Оцоколиќ, членот на главниот одбор Небојша Поповиќ и претседателот на СГ Ивањица Рацо Курчибиќ учествуваа на обележувањето на јубилејот по повод 4-от роденден на СПМ. Во текот на посетата одржавме неколку состаноци при што разменивме многу искуства за што ќе допринесат за јакнење на синдикализмот. Беа пренесени неколку методи и начини на работење во разните свери на синдикалното делување, начините на правната заштита на членството, дисциплинските постапки и др.
На Генералниот секретар на Синдикат српске полиције ССП – Sindikat srpske policije SSP Дарко Оцоколиќ му беше доделена БЛАГОДАРНИЦА за неговото несебично залагање и придонес во развојот и програмата на СПМ.
Со исто несмалено темпо продолжуваме и во 2024 година….
…. СЕ ДО ИСПОЛНУВАЊЕ НА НАШЕТО ОСНОВНО БАРАЊЕ
1 ЕВРО ~ 1 БОД
НОВАТА ЕРА НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ